From Wikipedia, the free encyclopedia
„Дипломец“ (англиски: The Graduate) е роман на американскиот писател Чарлс Веб од 1963 година.
Романот се состои од осум глави, распоредени во три дела:
Објавен во 1963 година, романот претставува совршен рез во американското општество и портрет на отуѓеноста и разочарувањето на младите во однос на вредностите што владееле во таа ера. Книгата обилува со луциден, прецизен и ироничен дијалог којшто го отсликува ликовите во нивната болна осаменост. Уште на почетокот од романот, главнот лик, Бенџамин гледа во огромна празнина која ги голта неговите младешки илузии. Соочен со апатијата на секојдневието, тој е во конфликт со околината додека ги открива потресните детаљи од животот. Наспроти него, госпоѓата Робинсон, која е легендарен лик во популарната култура, ја дели истата пасивна душевна состојба како Бенџамин, но со јасно портретираниот лик на средовечна привлечна жена, совршено ја дополнува сликата на реалноста, правејќи прецизен пресек под кој се открива целината на книгата. Книгата зрачи со универзалност и безвременост која лесно може да се примени и актуелизира и во денешнината. „Дипломец“ самоуверено и иронична фрла остар поглед врз современото општество, врз материјализмот на средната класа и врз социјалните норми, а притоа, преку брзиот дијалог, не дозволува читателот да ги загуби ритамот на делото и основната порака што се крие под текстот.[4]
Чарлс Веб го напишал романот на возраст од 24 година, по завршувањето на колеџот „Вилијамс“. Веројатно, книгата е напишана според вистинска приказна, зашто авторот во една телевизиска емисија изјавил дека инспирацијата за ликот на госпоѓата Робинсон ја добил од Џејн Ериксон, жена на некој пријател на неговиот татко, иако негирал дека тој имал сексуална врска со неа, како што се случува во романот. Врз основа на книгата се снимени неколку филмови од кои најпознат е истоимениот филм од 1967 година, во режија на Мајк Николс, со Дастин Хофман во главната улога. Всушност, филмот станал пославен од книгата, а самиот Веб никогаш не се чувствувал пријатно поради тоа, зашто, според сопственото признание, филмот го одвлекол вниманието од него како сериозен писател. Притоа, иако филмот постигнал огромен успех, тој никогаш не бил директно поврзан со романот на Веб, а сценаристите ја приграбиле целата слава, иако речиси буквално го презеле дијалогот од книгата.[5]
На македонски јазик, книгата е објавена во 2012 година во издание на „Темплум“, како 103 книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот од англиски јазик е дело на Алек Кузмановски. Книгата е печатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 272 страници. Таа е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-12-2. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.