Remove ads
актер од САД и директор From Wikipedia, the free encyclopedia
Дастин Ли Хофман (англиски: Dustin Lee Hoffman) — американски филмски глумец, прославен со филмовите: „Дипломец“, „Пеперутка“, „Маратонец“ и „Крамер против Крамер “, за кого ја добил наградата „Оскар“ во 1979 година како најдобар главен глумец.
Дастин Хофман е роден на 8 август 1937 година во Лос Анџелес, Калифорнија, од еврејско-американски родители Хари Хофман и Лилијан Голд. Мајка му му го дала името по глумецот од немите филмови Дастин Фарнум. По завршувањето на средното училиште, го посетува Конзерваториумот во Лос Анџелес со намера да стане пијанист. Потоа се запишал на колеџот „Санта Моника“, но не успеал таму заради многу лошите оценки. Подоцна се запишува на часови за глума и почнува да се занимава со глума. Неговиот прв филм е „The Tiger Makes Out“ (1967), а во истата година игра и во филмот „Дипломец“ (The Graduate), за кого е номиниран за Оскар. Подоцна глумел во многу филмови како: Полноќен каубој (Midnight Cowboy) (1969), „Крамер против Крамер“ (Kramer vs. Kramer) (за кого го добива својот прв „Оскар“ во 1979 година), Тутси (Tootsie) (1982) и Дождовен човек (Rain Man) (1988) (за кого го добива својот втор „Оскар“ како најдобар главен глумец).
Хофман има две деца (Карина и Џена) со бившата сопруга Ен Берн и уште четири (Џејкоб, Максвел, Ребека и Александра) со сегашната сопруга Лиса Готсеген, и уште два внука. Тој е добар пријател со глумците Џин Хекман и Роберт Дувал со кои ја учел глумата.
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.