Дедели
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
Дедели — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Дедели | |
Воздушен поглед на селото Дедели | |
Координати 41°17′03″N 22°26′16″E | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Валандово |
Област | Бојмија |
Население | 252 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2461 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04010 |
Надм. вис. | 185 м |
Дедели на општинската карта Атарот на Дедели во рамките на општината | |
Дедели на Ризницата |
Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Дојран.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 185 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 6,5 километри.[2]
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105.
Подрачјето на Дедели е населено барем од железното време, за што сведочат остатоците од некропола на истоименото наоѓалиште.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 522,9 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 186,2 хектари, додека на пасиштата 98,8 хектари.[2]
Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во него работат две продавници.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 105 домаќинства со 230 жители муслимани.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дедели живееле 600 жители, сите Турци.[5]
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Дедели имало 313 жители, сите Турци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци.[7]
Дедели е мало село, но без промени во населеноста. Така, во 1961 година селото броело 269 жители, од кои 147 биле Македонци и 95 Турци, а во 1994 година имало 252 жители, од кои 240 биле Турци и 12 жители Албанци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Дедели имало 220 жители, сите Турци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 252 жители, од кои 1 Македонец, 236 Турци и 15 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 600 | 313 | 561 | 651 | 269 | 182 | 240 | 267 | 252 | 220 | 252 |
На крајот од XIX век, Дедели било главно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Дедели, во која покрај селото Дедели се наоѓале селата Дедели, Казандол, Прстен, Собри, Татарли и Чалакли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната градска општина Валандово, во која влегувале градот Валандово и селата Дедели, Раброво и Честово.
Во селото постои избирачкото место бр. 0301 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 244 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 260 гласачи.[17]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.