Дворци

село во Општина Пласница From Wikipedia, the free encyclopedia

Дворциmap

Дворци — село во областа Долно Кичево, во Општина Пласница, сместено на патот помеѓу градовите Кичево и Македонски Брод.

Кратки факти
Дворци
Thumb

Традиционална куќа во селото

Thumb
Дворци
Местоположба на Дворци во Македонија
Дворци на карта

Thumb

Координати 41°27′52″N 21°05′34″E
Регион Југозападен
Општина Пласница
ОбластДолно Кичево
Население24 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.6539
Повик. бр.045
Шифра на КО03013
Надм. вис.629 м
Дворци на општинската карта
Thumb

Атарот на Дворци во рамките на општината
Дворци на Ризницата
Затвори

Етимологија

Некои мештани веруваат дека селото во минатото се нарекувало Изворце.[2] Така било наречено поради врелото, кое се наоѓа под селото. Албанците го изговарале „Зворци“, па велат дека оттаму настанало Дворци.[3]

Географија и местоположба

Thumb
Куќи во Дворци

Ова село се наоѓа во областа Долно Кичево, во средишниот дел на територијата на Општина Пласница, од десната страна на реката Треска, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево.[4] Селото е рамничарско, на надморска височина од 610 метри.[4] Од регионалниот патен правец Кичево-Македонски Брод селото се наоѓа на раздалеченост од еден километар од овој патен правец. Оддалечено е 17 километри југоисточно од градот Кичево и 14 километри југозападно од градот Македонски Брод. Дворци се наоѓа под падините на планината Баба Сач.

Куќите на ова мало македонско село се наоѓаат во долината на малата Дворска Река, која е десна притока на реката Треска. Во негова близина се наоѓаат торбешките села: Преглово, Пласница и Лисичани.[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Баба, Стрмол, Стрмица, Колари, Цер, Росуља, Казија Ливада, Дворечки Ливади и Старци.[2]

Селото е збиен тип и нема маала поради мошне скромната големина. Единствено куќите се групирани по роднинските врски, кои се една покрај друга.[2]

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 30 семејства и 2 неженети, сите христијани.[5]

И Дворци се смета за старо село во Кичевската Котлина. Под истото име се сретнува во втората половина на XV век. Во тоа време живееле 34 словенско-христијански семејства.[2] Се верува дека некогаш селото се наоѓало во месноста Колари, каде се наоѓа руини и „манастириште“.[3] Месноста се наоѓа три километри јужно од денешното село, долж долината на малата Дворска Река. Се верува дека таму имало болест, поради што народот избегал, а дел од жителите преминале во Дворци. Атарот на тоа село денес претставува дел од сегашниот атар на Дворци.[2]

Во денешното село Дворци, најстар род биле Бојдевци, кои денес не постојат. По нив се населил предокот на денешниот род Момировци и на крај сите останати селски родови.[2]

Жителите на Дворци биле во незавидна позиција до крајот на турското владеење, бидејќи се наоѓале помеѓу торбешки села. Во 1902 година, пољак од Пласница зел некоја Ѓенка од родот Трпчевци за жена. Поради страв родот на кратко се преселил во Прилеп, од каде се вратиле во 1910 година. Пред крајот на турското владеење, во Дворци живеело и едно торбешко семејство (Селимовци) од Преглово. Таму се вратиле во 1912 година.[2]

Во XIX век, Дворци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Традиционална куќа во селото

Стопанство

Thumb
Амбар во селото

Атарот зафаќа простор од 13 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 993,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 198,6 хектари, а на пасиштата 34,2 хектари.[4]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[4]

Во минатото, на планинскиот дел од атарот на селото престојувале влашки сточари. Најголемиот дел од обработливите површини се во посед на пласничани.[2]

По Втората светска војна, во месноста Старци во западниот дел на селото бил отворен рудник за мермер, каде се вработиле голем дел од мештаните.[2]

Население

Thumb
Куќа во селото
Thumb
Куќи во селото
Thumb
Револуционерски споменик во селото
Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948112    
1953122+8.9%
1961138+13.1%
197191−34.1%
198166−27.5%
ГодинаНас.±%
199132−51.5%
199427−15.6%
200225−7.4%
202124−4.0%
Затвори

Во 1873 година било забележано дека селото имало 14 домаќинства со 68 Македонци (христијани).[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 175 жители, сите Македонци (христијани).[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Дворци имало 136 жители.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дворци се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[9]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Дворци:[10]

Повеќе информации Домаќинства, Гурбетчии ...
Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
21 32 10 0 10 55 84 139
Затвори

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[11]

Дворци е мало село, коешто во 1961 година броело 138 жители, а во 1994 година бројот на населението се намалил на 27 жители, македонско население.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Дворци живееле 25 жители, сите Македонци.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, од кои 9 Македонци, 13 Турци и 2 лица без податоци.[13]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 175 136 112 122 138 91 66 32 27 25 24
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]

Родови

Селото Дворци е населено во целост со македонско население.[2]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Родови со познато потекло: Момировци (4 к.) и Сиљановци (3 к.), најстари родови во селото, потекнуваат од ист предок, доселени се од селото Прострање пред 150 години, односно на почетокот на XIX век. Го знаат следното родословие: Софе (жив на 60 г. во 1961 година) Ванчо-Илија-Ристе-Момир, предокот кој се доселил; Крлевци (4 к.), доселени се во турско време од селото Пласница; Шоповци (2 к.), доселени се од селото Ижиште; Ѓенковци (1 к.), доселени се од селото Пласница пред крајот на турското владеење; Пашовци (1 к.), Блажевци (1 к.) и Пласничани (3 к.), доселени се исто така од Пласница во разни периоди;
  • Родови со непознато потекло: Ивановци (2 к.), Трпчевци (2 к.), Петревци (1 к.), Петковци (1 к.) и Секуловци (1 к.), доселени се однекаде.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[3]

  • Старинци: Момировци (1 к.); Кулумбаќовци (1 к.); Бојдевци (2 к.) и Петревци (1 к.):
  • Доселеници: Секуловци (1 к.), Митревци (2 к.) и Крлевци (2 к.), дошле од Пласница и купиле ниви; Сиљановци (1 к.), дошле од Лисичани; Трпчевци (1 к.), Бошковци (1 к.), Тодоровци (1 к.) и Трпевци (1 к.), дошле од Пласница пред 20 години; Ѓенковци (1 к.), дојдени исто така од Пласница; Смилевци (1 к.), дојдени од Речани, дошле прво во Ижиште.

Општествени установи

  • Селски дом

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Пласница, која била една од ретките општини во Македонија, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Брод во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Челопеци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ижиште, во која покрај селото Дворци, се наоѓале и селата Ижиште, Лисичани, Ореовец, Пласница, Преглово и Русјаци. Општината Ижиште постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе биле вклучени селата: Дворци, Ижиште, Пласница и Преглово.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 275 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на селскиот дом.[18]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

Thumb
Селската црква „Св. Недела“
Археолошки наоѓалишта[20]
  • Росула — населба од доцноантичко време
Цркви[21]
Споменици

Редовни настани

  • Водици (19 јануари) — централна манифестација во селскиот дом

Иселеништво

Од ова село се имаат иселено следниве родови: Бајадевци се иселиле во Романија, едни од најстарите родови во селото; Кузмановци, не се знае каде се отселиле и Дворчани (1 к.), живеат во кичевското село Староец.[2]

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.