Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дајана Рос (анг: Diana Ross, родена на 26 март 1944 во Детроит) е американска пејачка и глумица.
Дајана Рос | |
---|---|
Дајана Рос во 2022 | |
Роден(а) | Дајана Рос 26 март 1944 Детроит, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1956–денес[1] |
Страница dianaross.com |
Таа била пејачка и прв вокал на групата Supremes, која станала најуспешен музички изведувач на Мотаун во текот на 1960-тите и една од најпродаваните женски групи на сите времиња. Supremes и понатаму се најдобрата женска група на сите времиња,[2] со вкупно дванаесет песни кои се искачиле на прво место на американскиот Билборд Хот 100, меѓу кои се: „Where Did Our Love Go“, „Baby Love“, „Come See About Me“ и „Love Child“.[3]
Откако Дајана Рос си заминала од Supremes во 1970 г, таа започнала успешна музичка и филмска соло кариера. Нејзиниот дебитантски соло албум "Diana Ross“ ги содржи хитовите „Ain't No Mountain High Enough “ и „Reach Out and Touch (Somebody's Hand) “. Нејзиниот втор соло албум, Everything Is Everything (1970) ја има песната „I'm Still Waiting“ со која за прв пат се искачила на прво место на британската топ листа. Ја продолжила својата успешна соло кариера со организирање светски концертни турнеи кои соборувале рекорди, а глумела во многу популарни телевизиски емисии. Ги објавила популарните албуми како Touch Me in the Morning (1973), Mahogany (1975), и Дајана Рос (1976), и нивните број еден песни, "Touch Me in the Morning", "Theme from Mahogany (Do You Know Where You're Going To)", и "Love Hangover", соодветно. Рос и понатаму објавувала многу топ-десет хитови на листите од <i id="mwLQ">Билборд</i> во текот на 1970-тите, 80-тите и 90-тите. Нејзини најпознати песни се: "Upside Down" (1980), "Endless Love" (1981), "Why Do Fools Fall in Love" (1982), "Chain Reaction" (1986), "If We Hold on Together" (1988) and "When You Tell Me That You Love Me" (1991).
Рос, исто така, постигнала успех и признание како актер. Нејзина прва улога било глумењето на Били Холидеј во филмот „Дамата пее блуз“ (1972) за што добила Златен глобус и била номинирана за Оскар; таа го снимила и саундтракот за филмот. Таа глумеше и во два други играни филма, Махагонија (1975) и Волшебникот (1978), а подоцна се појавила во телевизиските филмови Out of Darkness (1994), за кој била номинирана за Златен глобус и Double Platinum (1999).
Дајана Рос во 1976 година била прогласена за „Женски изведувач на векот“ од Билборд. Откако ја започнала својата соло кариера во 1970 година, Рос објавила 25 студиски албуми, многу синглови и компилации со вкупна продажба од преку 100 милиони плочи ширум светот. [4] Таа е единствената пејачка со песни на прво место на Billboard Hot 100 како соло пејач, како пејач во дует, како член на трио и како член на група. Во 2021 година, Билборд ја рангирал на 30-то место на Hot 100 листата на најдобри музички изведувачи на сите времиња.[5] [6] Нејзините хитови со Supreme и како соло изведувач ја ставиле Дајана Рос меѓу Топ 5 изведувачите на топ-листата на Billboard Hot 100 синглови од 1955 до 2018 година [7] Таа имала топ 10 хит во Велика Британија во секоја од последните пет децении и пеела песни кои на Топ 75 листата во ОК се искачувале на прво место секоја година од 1964 до 1996 г.; период од 33 последователни години што е рекорд кај изведувачите. Во 1988 година, Рос била примена во Куќата на славните на Рокенролот како член на Supremes. Таа добила Специјална награда Тони во 1976 година, Признание на Кенеди центарот во 2007 година, награда Греми за животно дело во 2012 година и Претседателски медал на слободата во 2016 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.