Даутли (Гевгелиско)
историско гевгелиско село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
историско гевгелиско село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Даутли (грчки: Αμπελοχώρι, Амбелохори; до 1926 г. Δαουτλή, Даутли[1]) — поранешно гевгелиско село во Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија во областа Централна Македонија, Грција.
Даутли Αμπελοχώρι | |
---|---|
Координати: 41°9.51′N 22°39.41′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Пајонија |
Надм. вис. | м | 20
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓало северно од градот Ругуновец, на самата границата со Р Македонија јужно од Севендекли и западно од Крастали.
На почетокот на XX век Даутли било турско село во Гевгелиската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Даутлиј имал 225 жители Турци.[2] По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција, кога имало 272 жители. Како последица од Првата светска војна, во 1920 г. населението се намалило на 128 жители. Турското население во 1924 г. се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки доселеници од Понд.[3], а во 1926 г. државата го преименува во Амбелохори. Така, во 1928 г. во Даутли се попишани 33 семејства со вкупно 97 жители, сите дојденци.[4] Во пописот од 1940 г. во Даутли се заведени 111 жители.[3] Во 1941 г. добар дел од жителите се преселиле во селото Колиби. Според Симовски, селото продолжило да постои сè до 1951 г. кога преостанатите 60 жители се иселиле во кукушкото село Севендекли, каде се прибрале и жителите од неколку околни села, сместувајќи се во новоизградени државни станови.[3]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 111 | 60 | — | — | — | — | — | — |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.