археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Градиште — археолошко наоѓалиште во кумановското село Пчиња. Претставува градиште од доцна антика. На 2,5 км северно од селото, на висок рид со зарамнето плато, кое зафаќа површина од 250 × 100 м, се гледаат остатоци од фортификација. На југоисточниот дел на тврдината е зачуван ѕид од бедемот кој има дебелина од 1,70 м, граден од кршен камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината се гледаат ѕидови од повеќе објекти, а се среќаваат и фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал.[1]
„Градиште“ | |
| |
| |
Местоположба | 42°2′22″N 21°45′21″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Пчиња |
Општина | Куманово |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Ова место датира од XIV век и се врзува за познатата воено-градителска дејност од времето на Јустинијан I кој таквите кули стануваат носители на одбранбена концепција на Византиското Царство. Оваа тврдина настрадала страотно некаде во крајот од VI век и наскоро бил целосно напуштен. Во наоѓалиштето Градиште се најдени некои ретки археолошки пронајдоци како што се: рачка од скифос, дел од Хидрија, рачно изработен грнец, Амфори, двореден чешел изработен од коска, две монети од времето на Аркадиј (395-408 г.), монета кована во Кизик во времето на Хонориј (333 -350 год), монета од времето на Јустин I (518 - 527), монета од времето на Јустинијан (527 - 565) а исто така при копање на просторот од акрополата непосредно западно од северната челна кула биле извадени два-три камени столбови од стара црква.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.