Горна Чарлија
село во Општина Могила From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Могила From Wikipedia, the free encyclopedia
Горна Чарлија — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.
Горна Чарлија | |
Панорама на селото Горна Чарлија | |
Координати 41°9′10″N 21°26′0″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Могила |
Област | Пелагонија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7216 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02124 |
Надм. вис. | 568 м |
Слава | Свети Никола Летен |
Горна Чарлија на општинската карта Атарот на Горна Чарлија во рамките на општината | |
Горна Чарлија на Ризницата |
Името на селото потекнува од турскиот збор „чаир“, што означува ливада.[2]
Селото се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле, во средишниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е рамничарско, сместено на левиот брег на Црна Река, на надморска височина од 583 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 25 километри, а од патот Битола-Прилеп околу пет километри.[3]
Горна Чарлија е мало полско село помеѓу Долна Чарлија на југ и Воѓани на север. Други околни села се: Будаково, Вашарејца и Добрушево.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ливади, Мери, Црква, Ѓошкови и Долги Слогови.[4]
Селото е мало и не се дели на маала.[4]
Селото се наоѓа во котлината Пелагонија, североисточно од Битола. На југ е поголемото село Долна Чарлија, а во минатото биле познати како едно село - Чарлија.
Во првата половина на XVII век се споменува село Чаирли во околина на Битола. Веројатно се однесува за денешните села, Горна и Долна Чарлија. Традицијата наведува дека до втората половина на XVIII век на земјиштето на денешна Горна Чарлија се наоѓале пространи ливади. Тука доаѓале сточари од селото Подмол.[4]
Познато е дека во втората половина на XVIII век на овие ливади, Сердар-бег од Прилеп, кој ги поседувал овие ливади, ја населил македонската задруга Стојковци, која тогаш имала 40 членови. Подоцна било населено и Долна Чарлија.[4]
Во XIX век, Горна Чарлија било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
До 1940 година, селаните биле закопувани во селото Ношпал, а подоцна во соседното село Долна Чарлија.[4]
Атарот зафаќа простор од 10,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 950,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 56,6 хектари, додека шуми речиси и да нема.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горна Чарлија живееле 120 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Горна Чарлија имало 72 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Чарлија се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 9 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[8]
Селото е мало и во фаза на наполно раселување. Во 1961 година, селото броело 77 жители, а во 1994 година само шест жители, македонско население.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Горна Чарлија живееле 3 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 72 | 60 | 70 | 77 | 29 | 34 | 22 | 6 | 3 | 0 |
Горна Чарлија е македонско православно село, родовите во селото сите се доселенички, селото е основано во втората половина од ХVIII век.[4]
Според истражувањата од 1959 година, родови во селото
Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Алинци, се наоѓале и селата Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Добрушево, во која влегувале селата Горна Чарлија, Долна Чарлија, Добрушево, Мусинци и Ношпал.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0181 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Долна Чарлија. Избирачкото место го опфаќа и селото Долна Чарлија.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 138 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 143 гласачи.[16]
Се знае за следниве иселеници: Чарлинци (1 к.), кои живеат во Ношпал, Чарлинци (2 к.), живеат во Добрушево, Чарлинци (1 к.), кои живеат во Могила; сите гранки на родот Стојковци. Од овој род има иселеници и во селото Тројкрсти (1 к.).[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.