департман во Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
Горна Савоја (француски: Haute-Savoie (изговорено От Савуа[1] ― департман во регионот Оверњ-Рона-Алпи во југоисточна Франција, кој се граничи и Швајцарија и Италија. Нејзината префектура е Анси. На север е Женевското Езеро; на југ и југоисток се Монблан и планинскиот венец Аравис.
Горна Савоја Haute-Savoie(француски) Savouè d'Amont (арпитански) | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Департман во Франција | ||||||||
Од горе кон долу, лево кон десно: Егил ду Миди, Зеленото Езеро во Паси, префектурната зграда во Анси, поглед на Лез-Уш, Тонон-лез-Бејн, пејсаж блузи Шамони | ||||||||
Местоположба на Горна Савоја во Франција | ||||||||
Држава | Франција | |||||||
Регион | Оверњ-Рона-Алпи | |||||||
Префектура | Анси | |||||||
Потпрефектури | Боневил Сен-Жулиен-ен-Женевуа Тонон-лез-Бејн | |||||||
Управа | ||||||||
• Претседател на Департманскиот совет | Кристијан Монтеј (РД) | |||||||
Површина1 | ||||||||
• Вкупна | 4.388 км2 (1,694 ми2) | |||||||
Надм. вис.2 | м | 1.160|||||||
Најг. вис. | м | 4.810,40|||||||
Најм. вис. | м | 250|||||||
Население (2017) | ||||||||
• Вкупно | 807.360 | |||||||
• Ранг | 28. | |||||||
• Густина | 180/км2 (480/ми2) | |||||||
Час. појас | СЕВ (UTC+1) | |||||||
• Лето (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+2) | |||||||
Департмански број | 74 | |||||||
Окрузи | 4 | |||||||
Кантони | 17 | |||||||
Комуни | 279 | |||||||
^1 Податоците за регистар на француска земја, кои исклучуваат естуари и езера, мали езера и ледници поголеми од 1 км2 ^2 Inventaire forestier départemental, IIIe inventaire 1998 |
Го носи своето име од историскиот регион Савоја, како и департманот Савоја, кој се наоѓа јужно од Горна Савоја. Во 2017 година, имал население од 807.360 жители. Нејзини потпрефектури се Боневил, Сен Жулиен-ен-Женевоа и Тонон-ле-Бејн. Францускиот влез во Монбланскиот тунел во Италија е во Горна Савоја. Позната е по зимските спортови; првите Зимски олимписки игри биле одржани во Шамони во 1924 година.
Историскиот регион Савоја била управуван од Савојците, владејачката династија на Савоја од 1032 до 1860 година. Војводството Савоја биле владетели на регионот Савоја од 1416 до 1720 година.
Територијата окупирана од современата Горна Савоја и соседниот департман Савоја станала дел од Кралството Сардинија по Договорот од Утрехт во 1713 година. Анексијата на регионот од страна на Франција бил официјализирана со Торинскиот договор на 24 март 1860 година.
Од ноември 1942 до септември 1943 година, Горна Савоја била подложена на воена окупација од фашистичка Италија. Маки де Глиер (Maquis des Glières) (група на борци од Слободниот француски отпор кои се спротивставиле на режимите на нацистите, Вишиевска Франција и француската милиција за време на Втората светска војна) дејствувале од Горна Савоја. Во зима 1943-1944 година, германските војници запалиле околу 500 фарми како одговор на активностите на Францускиот отпор.
Горна Савоја се состои од четири окрузи, поделени на 281 комуни и 17 кантони. На север, се граничи со швајцарскиот кантон Женева и Женевското Езеро; на исток швајцарскиот кантон Вале и италијанската Аостинска Долина; на запад францускиот департман Ен; а на југ департманот Савоја.
Горна Савоја има најголем височински масив од сите департмани во Франција; најниската точка е 250 м во долината на Рона и највисокиот Монблан на 4.810,40 м.[2]:9 Некои од најпознатите светски скијачки центри се наоѓаат во Горна Савоја.
Теренот на департманот го вклучува алпскиот МасивМонблан; Француските Предалпи на Масивот Аравис, Шабле, Борнските и Башките Алпи; и ниските рамнини на Женевуа От Савојард и Албане (познати заедно како Л'Авант пајс савојард).[2]:9 Неговиот планински терен ги прави планинските превои важни за трговскиот и економскиот живот. Некои од најважните се Форклашки Врв (кој ги поврзува Шамони со кантонот Вале) и Монбланскиот тунел, што ги поврзува Шамони со Курмајур во Аостинската Долината.[2]:10
Развој на населението од 1861 година:
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1861 | 267,496 | — |
1872 | 273,027 | +2.1% |
1881 | 274,087 | +0.4% |
1891 | 268,471 | −2.0% |
1901 | 263,803 | −1.7% |
1911 | 255,137 | −3.3% |
1921 | 235,668 | −7.6% |
1931 | 252,794 | +7.3% |
1936 | 259,961 | +2.8% |
1946 | 270,565 | +4.1% |
1954 | 293,852 | +8.6% |
1962 | 329,23 | +12.0% |
1968 | 378,55 | +15.0% |
1975 | 447,795 | +18.3% |
1982 | 494,505 | +10.4% |
1990 | 568,286 | +14.9% |
1999 | 631,679 | +11.2% |
2006 | 696,254 | +10.2% |
2016 | 801,416 | +15.1% |
Кон крајот на 2000 година, занаетите зафатиле 15 проценти од работната сила, или 28.443 вработени и 1.922 чираци. 11.951 работни друштва претставени на Répertoire des Métiers (Трговски индекс) биле поделени на:
Кон крајот на декември 2000 година, градежните работи и јавните работи опфатиле 13.867 вработени во 4.838 работни друштва како што следува:
Кон крајот на декември 2000 година, трговскиот сектор учествувал со 33,994 вработени во 9,351 работно друштво како што следува:
Кон крајот на 2006 година, департментот имал 600 комерцијални претпријатија на над 300 кв м (за вкупна површина од 705,419 кв м), вклучувајќи:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.