Глажња
село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia
Глажња — село во Општина Липково, во северниот дел на Македонија.
Глажња | |
Координати 42°10′53″N 21°32′52″E | |
Регион | Североисточен |
Општина | Липково |
Население | 19 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1307 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17022 |
Надм. вис. | 744 м |
Глажња на општинската карта Атарот на Глажња во рамките на општината | |
Глажња на Ризницата |
Селото се наоѓа недалеку од вештачкото езеро Глажња изградено по течението на Липковска Река. Пределот е ридски и има надморска височина од 560 до 744 м, зависно од маалото, од кои денес главно е Пресница. Атарот се издига до сртот на планината Скопска Црна Гора, на границата со Скопската Котлина, и зафаќа површина од 10,7 км2[2]
Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Јужна Морава го обележал Глазња како албанско село.[3]
На крајот од XIX век Глажња било албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Глажња се состоела од 160 жители Арнаути муслимани.[4]
Глажња има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото поседува 816,5 ха шуми, 126,7 ха обработливо земјиште и 13,4 ха пасишта.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[5]
Населението на Глажња значително се зголемило во првите децении на XX век, што траело сè до 1960-тите, кога тоа речиси се располовило. Ова се должи на фактот што во непосредниот повоен период, три четвртини од населението биле Турци, а во наредните години, со изелување, тие се изедначиле со Албанците. Во 1971 г. во селото веќе немало Турци, но имало 18 Македонци, а останатите биле Албанци. Во текот на следната деценија бројот на жители доживеал голем пад и продолжил да опаѓа, но со поскромна стапка. Во 2002 година во Глажња имала 54 жители.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, од кои 15 Албанци и 4 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | — | 482 | 488 | 489 | 252 | 90 | 0 | 76 | 54 | 19 |
Староседелското население било македонско, но подоцна претрпело албанизација и исламизација со доаѓањето на албански доселеници северна Албанија. од Според податоците од 1941 година, родови во селото се:
Селото нема училиште, туку децата посетуваат настава во соседното Р’нковце.
Според истражување од 1965 г. во кумановското село Черкези живее родот Глажњани (2 куќи), кои се доселени од Глажња[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.