From Wikipedia, the free encyclopedia
Габра (до 1934: Чукурово) е село во западниот дел на Бугарија. Се наоѓа во планински реон помеѓу планините Ихтиманска Средна Гора и Лозенска Планина и има надморска височина од 892 m. Административно припаѓа на Општина Елин Пелин, Софиска област. Според пописот на населението од 2011 година во село Габра живееле 1 070 луѓе.[1] Во близината на селото се наоѓа поранешно рударско претпријатие за лигнит, коешто го експлоатирало Чукуровскиот јаглен басен.
Габра | |
---|---|
Поглед на селото | |
Координати: 42°31′N 23°36′E | |
Земја | Бугарија |
Област | Софиска област |
Општина | Елин Пелин |
Површина | |
• Вкупна | 38.245 км2 (14,766 ми2) |
Надм. вис. | м | 892
Население (2022) | |
• Вкупно | 838 |
• Густина | 0,022/км2 (0,057/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2112 |
Повик. бр. | 071506 |
Рег. таб. | СО |
Првпат се споменува за селото во ноември 1576 година во еден отомански регистар на трговци на добиток. Документот и денес се чува во Народната библиотека „Св.Св. Кирил и Методиј“ во Софија како архивна единица 23 под сигнатурен фонд 95 во којшто се читаат имињата на селаните од Чукурово (денес Габра), коишто имаат дадено добиток на Отоманското Царство.
На 25 декември 1877 година Чукурово е ослободено од турско ропство. По Берлинскиот конгрес, во близината на селото е демаркирана границата помеѓу Кнежевството Бугарија и Источна Румелија. Во 1934 година селото е преименувано и го носи името на реката Габра.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.