Втора грчка република

грчката држава во периодот 1924-1935 From Wikipedia, the free encyclopedia

Втора грчка република

Втора грчка република (грчки: Β΄ Ελληνική Δημοκρατία) е историографски термин за политичкиот режим во Грција во периодот помеѓу 1924 и 1935[1]. Следеше после периодот на уставна монархија под монарсите од династијата Глуксбург, и траела до нејзиното отфрлање со воен пуч со која била обновена монархијата. Втората република го означува вториот период во современата грчка историја во кој Грција не била водена од крал, при што собранијата и привремените влади за време на Грчката револуција се сметаат за Прва република.

Кратки факти Грчка републикаἙλληνικὴ ΔημοκρατίαEllīnikī́ Dīmokratía, Главен град ...
Грчка република
Ἑλληνικὴ Δημοκρατία
Ellīnikī́ Dīmokratía
1924–1935
Химна: Химна кон слободата
Ὕμνος εἰς τὴν Ἐλευθερίαν
Thumb
Location of the Hellenic Republic (1935) in Europe.
Главен градАтина
Говорени јазицигрчки
Вероисповед
православие
УредувањеПарламентарна република
Претседател 
 1924–1926
Павлос Кунтуриотис
 1926
Теодорос Пангалос
 1926–1929
Павлос Кунтуриотис
 1929–1935
Александрос Зајмис
Премиер 
 1924 (прв)
А. Папанастасиу
 1933–1935 (последен)
Панагис Цалдарис
LegislatureПарламент
 Upper Chamber
Senate
 Lower Chamber
Chamber of Deputies
Историски периодInterwar period
 Прогласување на републиката
25 март 1924
 Референдум (за републиканско уредување)
13 април 1924
 Диктатурата на Пангалос
24 јуни 1925
 Изборна победа на Венизелос
5 јули 1928
 Обид за државен удар од страна на Венизелистите
март 1935
 Kondylis coup
10 октомври 1935
 Референдум (за враќање на монархијата)
11 ноември 1935
 4th of August Regime
4 август 1936
ВалутаДрахма
Претходници
Наследници
Кралство Грција
Кралство Грција
Затвори

Оваа сторија е дел од темата:

Историја на Грција

Преаисториска Грција
Хеленски период
Кикладички период
Минојска цивилизација
Микенска цивилизација
Грчки стар период
Стара Грција
Архаичен период во Грција
Класична Грција
Хеленска Грција
Римска Грција
Средновековна Грција
Византиско Царство
Отоманска Грција
Модерна Грција
Грчка војна за независност
Кралство Грција
Грција во II светска војна
Граѓанска војна во Грција
Воена хунта
Хеленска Република
Тематска историја
Економска историја на Грција
Воена историја на Грција
Уставна историја на Грција
Имињата на Грците
Грчка уметност

Втората република била прогласена на 25 март 1924[2], како последица на поразот на Грција во Грчко-турска војна (1919-1922), за кој била обвинувана ројалистичката влада. За време на нејзиното кратко постоење, Втората република се покажала за нестабилна. Грчкото општество и понатаму останало поделено, како и по Националниот раскол, помеѓу прорепубликанските Венизелисти и монархистите претставени од Народната партија, кои одбивале дури и да ја признаат легитимноста на Републиката.

Расколот во општеството се проширил и на културни и социјални прашања како разликите за употребата на грчкиот јазик до архитектонските стилови. На оваа поларизација било додадено и дестабилизирачкото вклучување на војската во политиката кое резултирала со неколку удари и обиди за државен удар. Економијата била во пропаст после една декада на војување како и неможноста да се поддржат 1.5 милион бегалци кои пристигнале со размената на население со Турција.

И покрај напорите на реформистичката влада на Елефтериос Венизелос во 19281932, Големата депресија имала катастрофално влијание врз грчката економија. Победата на Народната партија во 1933, и двата неуспешни државни удари од страна на Венизелистите, го отвориле патот за повторно стапување на власт на кралот Георги II.

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.