македонски пејач From Wikipedia, the free encyclopedia
Раде Врчаковски-Врчак (Скопје, 11 ноември 1980 ) — познат македонски пејач.[1]
Тој почнал да се занимава со музика откако се вратил од САД каде престојувал четири години, односно во 1999 година излегува неговата прва песна, „И повторно сам“ која е прифатена од публиката. Наскоро излегува и неговиот прв албум, „Како да побегнам од се“ кој исто така е прифатен и брзо распродаден. Но наскоро Врчак се откажува од музиката сакајќи да се посвети на медицинскиот факултет. Сепак во 2001 година настапува на Макфест со Андријана Јаневска пеејќи ја песната „Ден по ден“ и го освојуваат 2. место. Во 2003 повторно се појавува на Макфест но овој пат со Роберт Билбилов. Со песната „Тајните ангели“ го освојуваат 3. место. Во 2006 година Врчак повторно се враќа во музичкиот свет со албумот „Во твоето срце“, песните и албумот повторно се прифатени од публиката особено од старите обожаватели на Врчак. Исто така во 2006 се појавува и на Макфест и победува со песната „Седмо небо“, дует со Тамара Тодевска. Исто така во 2006 ја напиша песната „Нинанајна“ со која Елена Ристевска ја претставуваше Македонија на „Евровизија 2006“ во Атина и го освои 12. место. Неговата слава расте, охрабрен од обожавателите тој се појавува со нови песни во текот на последните месеци од 2006 и целата 2007. Во 2007 повторно настапува на „Макфест“ со Адријан Гаџа со кој ја испејаа песната „Недопирлива“ и освоија награда за најдобар сценски настап. Во 2008 пишува песна за изборот за песна на Евровизија. Песната е насловена „Во име на љубовта“, ја пее со Тамара Тодевска и Адријан Гаџа. Победуваат на изборот и одат на Евровизија, но за жал не успеале да се пласираат во финалето.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.