Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Возот в снег“ (хрватски: Vlak u snijegu) — роман за деца на хрватскиот писател Мато Ловрак, објавен во 1931 година. Романот е напишан според вистинити настани кои го инспирирале авторот.[1]
Делото се состои од девет глави:[2]
Дејството на романот се одигрува во Големо Село, каде што се наоѓа централното училиште во кое учат и децата од околните села. Меѓу нив се и трите деца од селото Јаболковец, Љубан, Драга и Перо, кои се главните ликови во романот. Тие се најдобри другари и си играат заедно, но еднаш, кога децата си играат свадба, Драга и Љубан се караат меѓу себе и таа и Перо се свртуваат против Љубан. Оттогаш, тие не одат повеќе заедно на училиште. Љубан е добро дете и него го сакаат сите во училиштето, додека Перо, дете на богати родители, е лош, тврдоглав и сака да се наметне како водач во одделението. Драга, пак, е навредена од Љубан и настојува да го доведе во непријатна положба. Еден ден, учениците создаваат задруга, а иако Перо настојува да ги поткупи да гласаат за него, сепак Љубан е избран за домаќин на задругата. Еден зимски ден, одделението оди на екскурзија во градот, но на враќање, возот заглавува во висок снег. Децата од одделението се поделени: другарите на Перо стојат на страна, додека Љубан ги организира другите деца, кои се здружуваат и со рацете го чистат снегот, овозможувајќи локомотивата да го продолжи патот. Притоа, децата од групата на Перо, сфаќаат дека погрешиле и се приклучуваат во расчистувањето на снегот. Уморни од работата, децата заспиваат, а за тоа време Перо им ја краде храната. Љубан го фаќа на дело и меѓу нив доаѓа до тепачка, по која Перо го моли да го прими во неговата задруга. Во меѓувреме се разболува Драга, за која се грижи Љубан. Додека Драга гори од висока температура, локомотивата повторно заглавува, но доаѓа друга локомотива и работниците го расчистуваат снегот. Децата повторно се вклучуваат во работата и возот тргнува, а на Драга ѝ се враќа свеста. Најпосле, децата успешно пристигнуваат во Големо Село.[3]
Во 1975 година, делото било објавено од издавачките куќи „Наша книга“ и „Македонска книга“ како лектира за шесто одделение во основните училишта во Македонија.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.