From Wikipedia, the free encyclopedia
Владимир (Владо) Полежиноски - Полежина (Кичево, 30 мај 1913 - Скопје, 16 јуни 1980 година) — македонски комунист, учесник во НОБ и член на АСНОМ. По Резолуцијата на Информбирото бил репресиран и испратен на Голи Оток.
Владимир Полежиноски | ||
Роден | 30 мај 1913 Кичево, Кралство Србија (денес Македонија) | |
---|---|---|
Починал | 16 јуни 1980 67) Скопје, СР Македонија, СФРЈ | (возр.
Роден е во семејството на Јонче и Стефанка Полежиноски. Основно образование завршил во Кичево, а гимназија во Битола во 1932 година. По завршување на гимназијата, во есента 1932 година се запишал на Правниот факултет во Париз, каде што со успех ги завршил студиите, а потоа одбранил и докторат на универзитетот Сорбона во март 1939 година на тема „Фондови за изедначување на девизните курсеви". За време на студиите во Париз активно се вклучил во студентското демократско движење, а во 1937 година станал и секретар на студентското друштво во Париз.
Полежиноски бил повикан на отслужување на воениот рок во стара Југославија и служел во Требиње, каде што го затекнала и капитулацијата на стара Југославија. Тој се вратил во родното Кичево, каде што токму тогаш Кузман Јосифовски - Питу го формирал Месниот комитет на КПЈ во Кичево во октомври 1941 година. Во почетокот Кузман не се сложил Полежина да влезе како член на МК, бидејќи сметал дека партијата е на работничката класа, а интелектуалците каков што бил Полежина не може да бидат членови. Сите кичевски првоборци се залагале за Полежина да биде член. Кузман Јосифовски-Питу сфатил дека Полежина како убеден демократ и антифашист треба да биде член на КПЈ.
Полежина станал политички секретар во кичевската организација. Работејќи на подготовките во Кичево, заедно со повеќе свои другари бил затворен од италијанските окупаторски власти. Во мај 1943 година бил пренесен во концентрациониот затвор Порто Романо во Албанија, каде останал до капитулацијата на фашистичка Италија на 8 септември 1943 година. По враќањето во Кичево, активно се вклучил во Народноослободителното движење во првоослободениот град Кичево во НОВ. Благодарејќи на неговата активна работа и резултати како и потребите бил повлечен да работи во Главниот штаб на Македонија на теренот на Дебрца.
Во 1944 година Полежина работи на подготовките за АСНОМ, заедно со Методија Андонов - Ченто, Полежина, Киро Глигоров, Апостолски, како и Светозар Вукмановиќ - Темпо и многу други раководители и членови на Главниот штаб. Според сеќавањата на Киро Глигоров: „Сите работевме, но се разбира Полежина имаше големо познавање и даде голем придонес во создавањето на актите на АСНОМ.“ На Првото заседание на АСНОМ е избран во неговиот Президиум, како негов втор секретар.
Иако Полежина ѝ бил потребен во Македонија, веќе на 3 ноември 1944 година е разрешен од својата функција во Президиумот и е испратен на работа во НКОЈ.[1]
Во март 1945 година бил кооптиран во воена мисија на ФНРЈ во Франција, а од декември 1945 година во воена мисија на Југославија во Германија. Полежина бил шеф на воената мисија на Југославија при контролното собрание за Германија, при главниот штаб на англо-американските сили во Франкфурт на Мајна. Тој тогаш бил унапреден во чин потполковник во југословенската војска.
Полежина како шеф на воената делегација во периодот од ноември 1947 година па до резолуцијата на Информбирото во 1948 година, активно работел во Франкфурт. Во август 1948 година бил повикан на разговор кај шефот на руската воена мисија и оттогаш почнала голготата на Полежина. Набргу тој бил повлечен од Германија и демобилизиран од војската. Паднал во голема немилост, принуден сам да се снаоѓа за да преживее со семејството.
Во јануари 1951 година без судски процес бил лишен од слобода и протеран на Голи Оток на „Мермер“, каде што останал до април 1954 година.
По затворот се вратил во Белград и се вработил во Народната банка, а по кусо време и во Институтот за економски работи. Поради семејни причини во 1965/1966 година дошол во Скопје и се вработил во Економскиот институт. Работел во иста канцеларија со академик Никола Кљусев.
Неговите соборци од Кичево, Борис Грујоски, Борис Алексоски - Карче, Пецо Чингоски, Драгољуб Прјоски и Илија Топаловски сторија многу тој да ја добие Партизанска споменица 1941.[2]
Во Кичево неговото име го носи Основното училиште "д-р Владимир Полежиноски", како и улицата каде што е роден и живеел.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.