Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Владимир Пингов (познат и како Владе Пингов и Ладе Пингов) — македонски револуционер - анархист, член на илегалниот терористички кружок Гемиџии, извршител на познатите Солунски атентати во 1903 година.
Роден е во Велес. Се одликувал со весел дух и неверојатна ладнокрвност која ќе влијае смирувачки врз неговите другари во решавачките моменти.
Пред изршувањето на солунските атентати изнајмува дуќан-берберница во Солун, кој бил само камуфлажа на акцијата за прокопување на подземен тунел што водел до Отоманската банка.
Заедно со Марко Бошнаков на 29 април 1903 година, ќе се обидат да ги кренат во воздух Топането и хотелот „Вардар“.
Меѓутоа ненадејно ги пресретнуваат турски војници. Во престрелката Бошњаков е заробен, а тој загинува [1][2].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.