Remove ads
Холандски физиолог From Wikipedia, the free encyclopedia
Вилем Ајнтховен (холандски: Willem Einthoven; 21 мај 1860 — 29 септември 1927 ) — холандски лекар и физиолог, изумител на првиот практичен електрокардиограф (ЕКГ) во 1903 и добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1924 за него.[1]
Вилем Ајнтховен | |
---|---|
Вилем Ајнтховен во 1906 | |
Роден(а) | 21 мај 1860 Семаранг, Холандска Источна Индија |
Починал(а) | 29 септември 1927 67) Лајден, Холандија | (возр.
Националност | Холандија |
Полиња | Физиологија |
Установи | Лајденски универзитет |
Образование | Утрехтски универзитет |
Познат по | Електрокардиограм |
Поважни награди | Нобелова награда за физиологија или медицина во 1924 |
Ајнтховен е роден во Семаранг на Јава во Холандска Источна Индија (сегашна Индонезија). Родителите му имале холандско, а мајка му имала и швајцарско потекло.[2][3] Неговиот татко бил лекар и починал кога Ајнтховен бил дете. Неговата мајка се вратила во Холандија со нејзините деца во 1870 година и се населила во Утрехт. Во 1885 година Ајнтховен добил медицинска диплома од Лајденскиот универзитет, а во 1886 година станал професор на Утрехтскиот универзитет.
Починал во Лајден во Холандија и е закопан на гробиштата на Реформистичката црква во Угстгест.[4]
Уште пред Ајнтховен било познато дека срцето произведува електрични струи, но инструментите од тоа време не можеле прецизно да го измерат овој феномен без поставување на електроди на самото срце. Почнувајќи од 1901 година, Анјтховен создал серија на прототипови на жичен галванометар. Овој уред имал многу тенок филамент на спроводлива жица која минувала низ многу силни електромагнети. Кога струја минувала низ филаментот, електромагнетното поле предзвикувало жицата да се придвижи. Лесно осветлување врз жицаа предизвикувало сенка врз придвижувачка ролна на фотографска хартија, со тоа создавајќи континуирана крива која го прикажувала движењето на жицата. Оригиналната машина барала ладење на моќните електромагнети со вода и барала 5 луѓе за да ја управуваат, а тежела околу 270 килограми. Оваа направа ја зголемила осетливоста на стандардниот галванометар, така што електричната активност на срцето можело да се регистрира и покрај изолацијата на телото и кожата.
Иако понатамошниот развој на техниката овозможиле подобри и помали ЕКГ-апарати, многу од терминологијата што се користи при опис на еден ЕКГ-запис потекнува токму од Ајнтховен. Неговото назначување на буквите P, Q, R, S и T на разните бранови е сè уште во употреба. Поимот „триаголник на Ајнтховен“ е именуван по него и се однесува на замислениот рамностран триаголник со средина на градите и темиња кои се стандардните електрокардиографски одводи на рацете и ногата.
По развојот на жичениот галванометар, Ајнтховен ги опишал електрокардиографските одлики на бројни кардиоваскуларни нарушувања. Подоцна во животот, Ајнтховен го посветил своето внимание на проучување на акустиката, особено на срцевите звуци.
Во 1924 ја добил Нобеловата награда за медицина за откривањето на првиот практичен систем за електрокардиографија користен за медицинска дијагностика.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.