Валтер Баде

германски астроном From Wikipedia, the free encyclopedia

Валтер Баде
Remove ads

Вилхелм Хајнрих Валтер Баде (германски: Wilhelm Heinrich Walter Baade; 24 март 1893 25 јуни 1960 ) — германски астроном и астрофизичар.

Кратки факти Валтер Баде Walter Baade, Роден(а) ...
Remove ads

Живот и откритија

Роден е во Шретингхаузен, денес дел од Пројсиш Олдендорф во Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Завршил училиште во 1912 г. Потоа студирал математика, физика и астрономија на универзитетите во Минстер и Гетинген. Докторирал во 1919 г. и се вработил во Хамбуршката опсерваторија, каде се задржал до 1931 г.[1] Таму во 1920 г. го открил 944 Идалго, првиот од класата астероиди денес наречана кентаури кои пресекуваат орбити на џиновски планети.

Од 1931 до 1958 г. работел во опсерваторијата „Маунт Вилсон“ во САД.[2] Таму за време на Втората светска војна го искористил ноќното ислучување на светлата (што го смалувало светлинско загадување) и така за првпат ги забележал ѕвездите во средиштето на галаксијата Андромеда. Овие набљудувања го навеле да определи одделни „населенија“ на ѕвезди (Население I и Население II). Во истата прилика заклучил дека постојат два вида на кефеидни ѕвезди. Со ова откритие направил своја пресметка на големината на познатата вселена, удвојувајќи ја величината позната од претходната пресметка на Едвин Хабл од 1929 г.[3][4][5] Во 1952 г. ги објавил своите заклучоци на собирот на Меѓународниот астрономски сојуз во Рим, на големо вчудовидување на присутните.

Заедно со Фриц Цвики ги открил суперновите како нова категорија на астрономски тела.[6][7] Двајцата исто така го предложиле постоењето на неутронски ѕвезди, и дека тие настануваат од супернови.[8]

Почнувајќи од 1952 г. заедно со Рудолф Минковски ги пронашле оптичките пандани на разните радиоизвори,[9] вклучувајќи го Лебед A. Открил 10 астероиди, меѓу кои и 944 Идалго, која има долг орбитален период; ова впрочем е првиот откриен кентаур, но кентаурите биле прифатени како одделна класа дури во 1977 г.); аполонскиот астероид 1566 Икар, чиј перихел е поблизок од Меркуровиот; и аморскиот астероид 1036 Ганимед.

Remove ads

Признанија

Откриени астероиди: 10[10]
930 Вестфалија10 март 1920
934 Тирингија15 август 1920
944 Идалго31 октомври 1920
966 Муши9 ноември 1921
967 Хелионапе9 ноември 1921
1036 Ганимед23 октомври 1924
1103 Секвоја9 ноември 1928
1566 Икар27 јуни 1949
5656 Олдфилд8 октомври 1920
7448 Пелат14 јануари 1948

Награди и почести

  • Странски член на Кралската холандска академија на уметностите и науките (1953)[11]
  • Член на Американското филозофско друштво (1953).[12]
  • Златен медал на Кралското астрономско друштво (1954)
  • Брусов медал (1955)
  • Предаваштво „Хенри Норис Расел“ во Американското астрономско друштво (1958)

Наречено во негова чест

  • 1501 Баде — астероид
  • Баде — кратер на Месечината
  • Бадеова Долина на месечината
  • Еден од двата Магеланови телескопи
  • 966 Муши — астероид наречен по прекарот на неговата сопруга
Remove ads

Поврзано

  • Бадеов Прозорец — подрачје на набљудување откриено во 1940-тите со релативно малку прашина кое дава поглед на Галактичкото Средиште во Стрелец
  • Бадеова Ѕвезда, денес позната како Раков Пулсар — за која Баде прв утврдил непосредна врска со Раковидната Маглина.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads