Бушава азбука (телевизиска серија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Бушава азбука“ — македонска детска телевизиска серија наменета за изучување на македонската книжевност, култура, традиција преку музиката, илустрациите и глумечката игра. Таа се смета за најуспешниот производ на МРТ.[1]
Бушава азбука | |
---|---|
Насловна фотографија на книгата „Бушава азбука“ со илустрации на Петричиќ | |
Жанр | комедија |
Напишана од | Горан Стефановски |
Режирана од | Слободан Унковски |
Улоги | Ненад Стојановски Јовица Михајловски Гоце Тодоровски Петре Арсовски Раде Рогожаров Драган Спасов - Дац Марин Бабиќ Мими Таневска Кирил Ристоски Соња Костовска Ана Костовска Синоличка Трпкова |
Земја на потекло | СР Македонија, СФРЈ |
Првичен јазик | македонски |
Бр. на епизоди | 31 |
Продукциска куќа | МРТ |
Серијата е снимена во 1985 година од Македонската радио-телевизија во режија на Слободан Унковски. Автор на сценариото е Горан Стефановски. Постои и истоимена книга изработена од Стефановски и од српскиот илустратор Душан Петричиќ.[2] Серијата има вкупно 31 епизода, по една за секоја буква од македонската азбука, а секоја епизода трае половина час.
Во 2019 година била објавена дигитализирана верзија на книгата, изработена од македонскиот дизајнер и софтверски инженер Гоце Митевски.[2][3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.