From Wikipedia, the free encyclopedia
Букеларија (грч. Βουκελλάριον θέμα) – тема на Византиското Царство во северна Мала Азија (денешна Турција). Била создадена со издвојување на првичната тема Опсикија, а ги опфаќала деловите на античка Пафлагонија, Галатија и Фригија.
Тема на Букеларанците Βουκελλάριον θέμα, θέμα Βουκελλαρίων | |||||
Тема на Византиско Царство | |||||
| |||||
Византиските теми на Мала Азија околу 780 година, после поделбата на Опсикија. | |||||
Историски период | Среден век | ||||
- | Основана | 743–767 | |||
- | Паѓање под Селџуците | 1070 | |||
Денес во | Турција |
Темата била основана набрзо после 743, а пред 767 година, од страна на римскиот цар Константин V (741–775), по задушувањето на буната на Артавазд, против императорот и комесот на Опсикија. Новата тема, заедно сп Оптиматија, настанала со издвојување од Опсикија. Нова темата името го добила по римската букеларија, елитни коњички трупи со готско и римско потекло, кои извршувале задачите на телохранители. На почетокот на 7 век биле формирани елитни дивизии кои се настаниле на просторот на Опсикија, под команда на доместик. На овие простори во средината на 8 век била создадена Букеларија. Стратегот на оваа тема прв пат се споменува во изворите во 767 гоидна, но темата сигурно е формирана порано. Нејзино седиште била Анкара, некогашниот центар на Опсикија. Стратегот на Букеларија, според арапските географи, командувал со војска од 8.000 луѓе. Покрај коњицата, Букеларија, како и подоцнежната тема Пафлагонија, имала и мала флота на чело со „катепан на Букеларија и Пафлагонија“, чиј печат од 10 век бил зачуван. Темата Букеларија постоела до Bитката кај Манцикерт во 1071 година, кога овие простори ги освојуваат Селџуците.
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.