Брештани
село во Општина Центар Жупа From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Центар Жупа From Wikipedia, the free encyclopedia
Брештани — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Брештани | |
Воздушен поглед на селото Брештани | |
Координати 41°27′15″N 20°35′9″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Центар Жупа |
Област | Жупа |
Население | 104 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1258 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08006 |
Надм. вис. | 880 м |
Брештани на општинската карта Атарот на Брештани во рамките на општината | |
Брештани на Ризницата |
Името на селото првпат е забележано во турски документи како Брештани во XV век (1467 г.). Името доаѓа од основата брест.[2]
Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово.[3] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 880 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 14 километри.[3]
Низ селото поминува регионалниот пат 2249.
Подрачјето на Брештани е населено уште од доцноантичкиот период, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]
Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 2,7 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 93,1 хектар, на шумите отпаѓаат 77,3 хектари, а на обработливото земјиште 40,1 хектар.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 25 домаќинства со 48 жители муслимани (Турци).[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брештани живееле 300 жители, сите Турци.[6]
Селото е мало и во 1961 година броело 110 жители, од кои 109 биле забележани како Турци, а во 1994 година бројот останал речиси ист, односно 105 жители, населено со турско население.[3]
Според пописот од 2002 година, селото Брештани броело 120 жители, сите Турци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 104 жители, од кои 101 Турчин и 3 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300 | — | 242 | 267 | 110 | 70 | 92 | 110 | 105 | 120 | 104 |
Брештани е турско село.[13]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
До 1954 година, Турците од селото се иселиле во најголем број во Турција (12 семејства). И тоа во Адапазар (9 семејства) и во Истанбул (3 семејства).[13]
Кон крајот на XIX век, Брештани било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.
Во селото постои избирачкото место бр. 0566 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 102 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.