From Wikipedia, the free encyclopedia
Донато Браманте (итал. Donato Bramante; 1444 - 11 април 1514 ) — италијански архитект и еден од зачетниците на високата ренесанса во Италија. Проектирал многу згради и ја реконструирал базиликата „Св. Петар“ во Ватикан.
Донато Браманте | |
---|---|
Донато Браманте на гравура | |
Националност | Италијанец |
Познат(а) по | архитектура, сликарство |
Значајни дела | Свети Петар во Монторио „Христос на столбот“ |
Правец | Висока ренесанса |
Со своите дела во Милано, најмногу е запаметен по ректоратот св. Амвросиј и црквата св. Марија работи до самиот крај на (1499). Таму Браманте создава редица проекти и конструира неколку цркви и манастири. Автор е на конструкцијата на катедралата во градот Павија, а исто така ја завршува прочуената миланска црква „Санта Марија деле Грацие" (источниот дел). Во Рим на власт биле фирентинските Медичи како папи и кардинали и по нив доаѓаат многу архитекти, вајари и живописци. Уште во првите години на XVI век Браманте добил редица порачки.
Во Рим се запознал со папата Јулиј II, кој му ја доделил задачата околу изградбата на базиликата „Св. Петар“, која започнала во 1506 година. Останати познати градби, за чијашто изградба бил ангажиран се капелата на црквата Св. Петар во Монторио со малиот храм-гробница „Темпјето“ (1502) и Белведерскиот двор во Ватикан (започнат 1505 г.)
Браманте е роден во Фермињано, во добростоечко земјоделско семејство. Според зборовите на Џорџо Вазари, во детството „освен читање и пишување, практикувал и сметање со помош на абакус“. Најверојатно, неговиот татко го насочил кон сликарството.
Многу малку се знае за животот и делата на Браманте пред 1477 година. Се верва дека бил ученик на Пјеро де ла Франческа во Урбино, град кој со залагањето на Федерико де Монтефелтро станал значаен центар на хуманизмот. Во 1477 година, Браманте работел во Бергамо како сликар на илузионистички архитектонски дела. Учел од делата на сликарите, кои биле активни во Урбино, но и од уметници, со чиишто дела се среќавал на своите патувања, како што се Леон Алберти (во Римини и Мантова), Андреа Мантења (во Мантова и Падова), Еркола де Роберти (во Ферара) и Филипо Брунелески (во Фиренца).
Ниту едно од раните дела на Браманте не е познато,иако некои историчари на архитектурата му препишуваат многу цртежи од перспективната архитектура. Речиси, секое од овие дела има некоја одлика од неговите дела, но истовремено и се разликува со другите дела. До 1477 година, Браманте главно се занимавал со изработка на архитектонски планови, цртање и сликање на теми од перспективната архитектура, кои на другите уметници им служеле како позадина за своите слики. Во тоа време архитектурата и перспективата биле многу важни, ако не и суштински елементи на ренесансното сликарство.
Околу 1477 година, од непознати причини, Браманте се преселил во Ломбардија. Во Бергамо ги насликал фреските на фасадата од катедралата Палацо дел Подеста, на кои е претставена класична фигура на филозоф во сложено архитектонско окружување. Вазари рекол дека Браманте по работењето во повеќе градови „на работи од мала значајност и со мала вредност“, отишол во Милано „за да ја види катедралата“. Работата на катедралата во Милано, во која учествувале угледни архитекти, уметници и занаетчии од Италија, Германија и Франција, била важен фактор во тоа време за размена на знаења, методологија на планирања и развивање на градежните техники. Во тоа време, градот Милано бил богата метропола и главен град на државата, со која управувал Лудовико Сфорца, наречен „Ил Моро“, а ренесансната архитектура започнала да се развива, што било добра можност за еден млад архитект, како што бил Браманте.
Првото архитектонско дело, кое му се припишува на Браманте бил цртеж, кој претставувал конструкција во рушевини со човечки фигури. Тој цртеж бил почетна студија за графичките техники и технологии на графичарот Бернардо Преведарија од 1481 година. Скоро во истото време, Браманте работел на конструкцијата на црквата св. Марија. Во конструкцијата на црквата, лесно може да се забележат влијанијата на други познати архитекти, како Алберти, Брунелески, како и другите претставници од Урбинската школа. Сепак, бил вметнат и стил кој одговарал на локалниот вкус.
Браманте, најверојатно останал во Милано, сè додека Лудовико не бил принуден да се повлече од градот поради навлегувањето на Французите, кои го окупирале градот во 1499 година. Во Рим, бил активен, работејќи на повеќе проекти. Еден од нив била сликата за црквата Сан Џовани во Латеран, која денес е изгубена, а била насликана по повод прославата на 1500. година. Како помошник на главниот архитект на папата Александар VI, се претпоставува дека направил план и ги надгледувал работите, при изградбата на фонтаните на плоштадот св. Марија во Трастевер и плоштадот св. Петар. Во тоа време, тој речиси престанал да се занимава со цртање и целосно се посветил на проучување на староримските споменици. Тогаш, стапил во контакт со богатиот и влијателен неаполски кардинал, Иливиеро Карафа, кој бил заинтересиран за античката книжевност и уметност. Карафа по рачал, Браманте да го изврши проектот за изградба на манастирот св. Марија де ла Паце, кој бил извршен во 1504 година. Околу 1502 година, Браманте бил зафатен со изградбата на црквата Темпјето Св. Петар, која била подигнатана местото на коешто се смета дека Свети Петар бил распнат на крст.
„Донато Браманте“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.