Бојан Димоски
македонски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бојан Димоски (Прилеп, 23 ноември 2001 ) — македонски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Партизан, на заем од Акрон Толјати, и на македонската репрезентација.[1]
Remove ads
Remove ads
Кариера
Клупска кариера
Во сениорска конкуренција Димоски дебитирал на 24 февруари 2019 година на 17 години, влегувајќи во игра за Вардар на стартот од второто полувреме во натпреварот од Првата македонска фудбалска лига против Ренова.[2] Таа сезона играл уште четири натпревари, што му обезбедило премин од младинскиот во сениорскиот тим. Бојан редовно настапувал во претстојната сезона 2019-2020, што му обезбедило трансфер во Академија Пандев.[3]
На 14 јуни 2023 година, Димоски потпишал долгорочен договор со рускиот прволигашки клуб Акрон Толјати.[4]
На 8 февруари 2025 година, тој му се приклучил на српскиот клуб Партизан на позајмица до крајот на сезоната 2024-2025.[5]
Меѓународна кариера
Од 2018 година Димоски е редовен во повеќето младински репрезентации на Македонија.
Тој го направи своето деби за фудбалската репрезентација на Македонија на 12 јуни 2022 година во Лигата на нации Ц на УЕФА 2022–23 против Гибралтар.[6]
Remove ads
Статистика за кариера
Remove ads
Белешки
- Настапи во промотивен плеј-оф
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads