Бобишта
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Бобишта (дијалектно: Бобишча; грчки: Βέργα, Верга, до 1926 г. Μπόμπιστα, Бобиста или Μπόεμπιτσα, Боебиста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.
Бобишта Βέργα | |
---|---|
Поглед на Бобишта. Во далечината е Б’мбоки, а горе-лево се наѕира Костурското Езеро | |
Координати: 40°33′N 21°26′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Свети Врач |
Надм. вис. | м | 836
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 147 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓа на 20 километри источно од градот Костур и јужно од градот Лерин, во историско-географската област Пополе. Селото се наоѓа на надморска височина од 836 метри.
Во времето на Кримската војна, во реонот беснееле разбојничките чети на Али Зот и Коста Рели, кои го нападнале селото, но четите биле уништени по крајот на војната[3].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бобишта се состоело од 60 семејства со 190 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Бобишта имало 684 жители Македонци[4][6].
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, во селото биле опожарени 150 куќи[7] додека биле убиени Дине Качаров, Дине Џинар, Митко Јанков, Иван Сарков, Мите Христов, Кузман Митрев, Мите Ѕилија, Ване Џаклев, Тасе Димитров, Кузо Христо, Тана Љакова, Тана Стефова и Катерина Јаловчева. Од селото 33 души учествувале во востанието, а загинале Манол Розов, Андреј Сидов, Насе Орлов и Кузо Розов[8].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 840 Македонци и работело егзархиско училиште[4][9]. Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто македонско со 50 семејства. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 125 македонски семејства[10]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[11]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бобишта се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 115 куќи.[12]
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 243 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 141 жител.
Во 1926 година, селото било преименувано во Верга.[13]
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и 50 жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа, додека десетина биле убиени. 33 деца од селото биле протерани како деца-бегалци[14]
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 155 жители.[15], додека во 1940 година селото броело 198 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 131 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 157 жители, во 1971 година имало 142 жители, во 1981 година имало 159 жители, додека во 1991 година имало 147 жители[16]. Денеска, населението на селото е 147 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 198 | 131 | 157 | 142 | 159 | 147 | 147 | 97 |
Како македонски родови според истражувањата од почетокот на XX век се забележуваат:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.