From Wikipedia, the free encyclopedia
Битката за Франција (француски: bataille de France) [10 мај - 25 јуни 1940 година] познатa и како Западната кампања (германски: Westfeldzug), Француската кампања (германски: Frankreichfeldzug, француски: campagne de France) и Падот на Франција, ― германската инвазија над Франција, Белгија, Луксембург и Холандија за време на Втората светска војна. На 3 септември 1939 година, Франција и објавила војна на Германија, по германската инвазија на Полска. На почетокот на септември 1939 година, Франција ја започнала ограничената офанзива на Сар и до средината на октомври се повлече на своите почетни линии. Германските војски ги нападнале Белгија, Луксембург и Холандија на 10 мај 1940 година. Италија влегла во војната на 10 јуни и се обидела да изврши инвазија на Франција. Франција и Ниските Земји биле освоени, завршувајќи ги копнените операции на Западниот фронт до слетувањето во Нормандија на 6 јуни 1944 година.
Битка за Франција | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Западниот фронт на Втората светска војна | |||||||||
Според стрелките на часовникот од горе лево: |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Германија Италија (од 10 јуни) |
|
||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Валтер вон Браухич Герд фон Рундштет Федор фок Бок Вилхелм фон Лееб Алберт Кеселринг Хуго Шперле Принц Умберто | Морис Гамелин[б 1] Алфонс Жорж[б 1] Максим Веган[б 2] Гастон Бијот † Жорж Бланшар Андре-Гастон Претела Антоан-Мари-Беноа Безон Лорд Горт Леополд III зароб. Хенри Винкелман зароб. |
||||||||
Вклучени единици | |||||||||
Сила | |||||||||
Германија: 141 дивизии 7,378 топови[3] 2,445 тенкови[3] 5,638 летала[4][б 3] 3,350,000 војници Италијанци на Алпите 22 дивизии 3,000 топови 300,000 Италијанци | Сојузници: 135 дивизии 13,974 топови 3,383–4,071 француски тенкови[3][5] <2,935 летала[4][б 4] 3,300,000 војници Французи на Алпите 5 дивизии ~150,000 Французи |
||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
Германија: 27,074 загинати[б 5] 111,034 ранети 18,384 изчезнати[6][7][8] 1,129 загинати воздухопловци[9] 1,236 изгубени летала[6][10] 795–822[11] изгубени тенкови[б 6] Германци: 157,621 Италијанци: 6,029–6,040[б 7]
| 376,734 мртви, изчезнати и ранети[б 8] 1,756,000 фатени 2,233 загубени летала[23] 1,749 француски загубени тенкови[б 9] 689 британски тенкови загубени[б 10]
|
Во „Жолтиот случај“ (германски: Fall Gelb), германските оклопни единици извршиле ненадејно туркање низ Ардените, а потоа по долината на Сома, отсекувајќи ги и опкружувајќи ги сојузничките единици кои напредувале кон Белгија за да се сретнат со германските војски. Британските, белгиските и француските сили биле турнати назад во морето од страна на Германците, а британската и француската морнарица ги евакуирале опколените елементи на Британските експедициски сили (БЕС) и француската и белгиската војска од Данкерк во операцијата Динамо.
Германските сили го започнале „Црвениот случај“ (Fall Rot) на 5 јуни 1940 година. Шеесетте преостанати француски дивизии и двете британски дивизии во Франција решиле да застанат на Сома и Ен, но биле поразени од германската комбинација на воздушна надмоќност и оклопна мобилност. Германските војски ја надминала недопрената Мажинова линија и навлегла длабоко во Франција, окупирајќи го Париз без отпор на 14 јуни. По бегството на француската влада и колапсот на француската војска, германските команданти се сретнале со француските службени претставници на 18 јуни за да преговараат за крај на непријателството.
На 22 јуни 1940 година, Франција и Германија го потпишале Второто примирје во Компјењ. Неутралната Вишиевска влада предводена од маршалот Филип Петен ја замени Третата република и германската воена окупација започна по должината на француското Северното Море и бреговите на Атлантикот. Италијанската инвазија на Франција над Алпите зазела мала количина земја и по примирјето, Италија окупирала мала област на југоисток. Вишиевскиот режим ја задржал „слободната зона“ (zone libre) на југ. По сојузничката инвазија на Француска Африка во ноември 1942 година, Германците и Италијанците ја преземале контролата врз зоната сè додека не била ослободена од сојузниците во 1944 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.