Бискајски Залив

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бискајски Заливmap

Бискајскиот Залив (шпан. Golfo de Vizcaya; фр. Golfe de Gascogne; баск. Bizkaiko golkoa; гаск. Golf de Gasconha), наречен и Кантабриско Морезалив во североисточниот дел на Атлантскиот Океан, јужно од Келтското Море. Се протега од западното крајбрежје на Франција, од Брест) до шпанската граница, и северното крајбрежје на Шпанија, сè до полуостровот Естака де Барес. Заливот го носи името на покраината Бискаја во Баскија (Шпанија).

Thumb
Карта на Бискајскиот Залив

Просечната длабочина на заливот изнесува 1.744 м, а максималната изнесува 2.789 м.

Географија

Thumb
Плажата во Бијариц
Thumb
Батиметриска карта на Келтското Море и Бискајскиот Залив.

Во заливот длабоко навлегува континенталната плоча, па затоа на многу места водата е релативно плитка. Малата длабочина значи дека морето често е бурно, па поради ова локалните временски услови се меѓу најжестоките во Атлантикот. Зимата се одликува со особено силни бури. Сè до скоро, бродоломите биле вообичаена појава, и тоа со голем број настрадани. Во поново време жртвите се намалени благодарение на напредокот во бродоградбата и метеорологија.

Граници

Според Меѓународната хидрографска организација, Бискајскиот Залив го граничи „линија од ‘ртот Ортегал (43°46′N 7°52′W) до ‘ртот Панмар (47°48′N 4°22′W)“.[1]

Реки

Најважните реки што се влеваат во Бискајскиот Залив се:

  • Франција (север-југ): Лоара, Шаранта, Гарона, Дордоња, Адур и Нивела.
  • Шпанија (исток-запад): Бидасоа, Ојарзун, Урумеја, Орија, Урола, Деба, Артибаи, Ока, Нервион, Агуера, Асон, Мјера, Пас, Саха, Нанса, Дева, Налон, Навија, Ео, Ландро и Сор.

Поважни градови

Најважни градови на крајбрежјето на Бискајскиот Залив се:

Поврзано

Наводи

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.