книга од Гај Јулиј Цецар From Wikipedia, the free encyclopedia
Белешки за Галската војна (латински: Commentarii de bello Gallico) — текст што во 50-те и 40-те години п.н.е. го напишал римскиот воjсководец и државник Гај Јулиј Цезар за да го опише сопственото освојување на Галија — Галската војна.
Издание од XVIII век | |
Автор | Гај Јулиј Цезар, Авел Хирциј (VIII) |
---|---|
Изворен наслов | Commentarii de bello Gallico |
Јазик | класичен латински |
Предмет(и) | историја, етнографија, воена историја |
Жанр | публицистика |
Издавач | Гај Јулиј Цезар |
Издадена | 50-та и 40-та п.н.е.? |
Следна | Commentarii de Bello Civili |
Текстот се состои од осум книги[1] и е напишан во трето лице. Се смета за едно од најпознатите и најцитираните дела на римската книжевност, односно како најпознати воени мемоари во историјата на човештвото. Поради елегантниот, но едноставен прозен стил, „Белешки за Галската војна“ со векови се користи во образовни цели, односно за што полесно запознавање на учениците со латинскиот јазик.
Иако главен мотив за пишување на Цезар му била политичката пропаганда, односно настојувањето да ги оправда своите постапки во Галија пред римската јавност и да се пофали со своите спектакуларни воени успеси, пва дечп се смета за еден од највредните пишани извори за античката историја, особено кога во прашање се подрачјата на северозападна Европа. Цезар е првиот автор кој детално ги опишал тамошните народи и нивниот начин на живеење, а неговата книга е единствениот колку-толку веродостоен извор за предримска Галија, односно со овие текстови започнува и пишуваната историја на Британија. Исто така, книгата се смета за една од првите етнолошки студии во историјата.
Се претпоставува дека Цезар не ја довршил книгата сам, односно дека поради зафатеност со граѓанската војна, напишал само седум книги; осмата ја довршил неговиот помошник Авел Хирциј.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.