Базилика Свети Стефан
базилика во Будимпешта, Унгарија From Wikipedia, the free encyclopedia
базилика во Будимпешта, Унгарија From Wikipedia, the free encyclopedia
Базиликата Свети Стефан или Свети Иштван (унгарски : Szent István-bazilika) е базилика/црква која се наоѓа во Будимпешта, Унгарија и е во склопот на Римокатоличката црква. Црквата била изградена во 1905 година во неокласичен стил, и е посветена на првиот унгарски крал Стефан I (или Стефан I), чија мумифицирана рака се чува во базиликата.
Базилика Свети Стефан/Свети Стефан | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Будимпешта, Унгарија |
Координати | 47.500833° СГШ; 19.053889° ИГД |
Припадност | Римски католицизам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски стил | Неокласика |
Завршен | 1905 |
Особености | |
Должина | 87,4 м |
Ширина | 55 м |
Висина (најг.) | 96 м |
Своето име црквата го има добиено од унгарскиот светец, а воедно и прв крал на Унгарија Стефан I (975–1038 год.), чија мумифицирана десна рака е чувана во посебен кивот во базиликата.
Еднаква со зградата на унгарскиот парламент, таа е една од двете највисоки згради во Будимпешта, висока 96 m. Според последните пресметувања не постои повисока зграда во градот од 96 m.[1] Има широчина од 55 m и должина од 87.4 m. Нејзината изградба била довршена во 1905 година, после 54 години градење. Голем дел од ова одложување му се припишува на колапсот на куполата во 1868 година, која барала целосно уривање на завршените работи и обнова од земјата нагоре.
Архитектонскиот стил е во неокласична архитектура; а земниот план е во форма на грчки крст. Фасадата е всидрена со две големи бели ѕвона. Во јужната кула се наоѓа највисокот ѕвоно во цела Унгарија, кое тежи околу 9 тони. [2] Неговиот претходник имал тежина од околу 8 тона, но бил употребуван за воени цели за време на Втора светска војна. Посетителите можат да пристапат до куполата со лифт или ако сакаат да имаат поглед на Будимпешта од 360° треба да се искачат по 364 скалила.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.