From Wikipedia, the free encyclopedia
Баждарен бозон — бозонски честички кои служат како носители на основните сили на природата.[1][2] Поконкретно, елементарните честички чии заемодејства се утврдени во баждарната теорија, воздејствуваат со сили една на друга со размена на баждарни бозони, обично во облик на виртуелни честички.
Во стандарниот модел постојат три вида на баждарни бозони:
Секој од нив соодветствува на една од трите заемодејства во стандардниот модел: фотоните се баждарни бозони на електромагнетното заемодејство, W и Z бозоните се носители на слабото заемодејство, а глуоните го носат силното заемодејство. Изолираните глуони не се јавуваат при ниска енергија заради бојна заробеност. Во тој случај ова би резултирало со масни глуонски топчиња, но овие не се нашироко експериментално потврдени).
Во квантизирана баждарна теорија, баждарните бозони се квантови на баждарните полиња. Затоа бројот на баждарните бозони е еднаков на бројот на извори на баждарното поле. Во квантната електродинамика, баждарната група е U(1); во овој едноставен случај има само еден баждарен бозон. Во квантната хромодинамика, посложената група SU(3) има осум извори, аналогно на осумте глуони. Трите W и Z бозони (приближно) соодветствуваат на трите извори на SU(2) во електрослабата теорија.
Од технички причини поврзани со баждарната непроменливост, баждарните бозони се опишуваат математичи со равенки за полиња за бесмасни честички. Затоа, на наивно теоретско ниво сите баждарни бозони треба да се безмасни, а силите коишто тие ги утврдуваат треба да се далекусежни. Но оваа идеја се коси со експерименталните докази дека слабото заемодјество има многу краток досег, и ова бара понатамошен теоретски увид.
Според стандардниот модел, W и Z бозоните добиваат маса по пат на Хигсовиот механизам. Во Хигсовиот механизам, четирите баждарни бозони (со симетрија SU(2)×U(1)) на обединетото електрослабо заемодејство се соединуваат со Хигсово поле. Ова поле претрпува спонтано нарушување на симетријата заради обликот на неговиот заемодејствителен потенцијал. Како резултат на тоа универзумот е проткаен со не-нулта Хигсова вакуумска очекувана вредност. Оваа вредност се соединува со три од електрослабите баждарни бозони (W и Z бозоните), и така им дава маса; преостанатиот баждарен бозон (фотонот) останува безмасен. Оваа теорија го предвидува и постоењето на скаларниот Хигсов бозон, кој сè уште не е забележан.
Според теориите на големото обединување би требало да постојат уште баждарни бозони, наречени X и Y бозони. Овие ги насочуваат заемодејствата помеѓу кварковите и лептоните, нарушувајќи го запазувањето на барионскиот број и предизвикувајќи распаѓање на протоните. Овие бозони би имале огромна маса (дури и повеќе од W и Z бозоните) поради нарушувањето на симетријата. Досега нема никакви наоди кои го докажуваат постоењето на вакви бозони.
Четвртото основно заемодејство е гравитацијата, чиј носител може исто така што биде бозон, наречен гравитон. Во отсуство на експериментални докази и математички кохерентна теорија на квантната гравитација, засега не се знае дали ова би бил баждарен бозон или нешто друго. Улогата на баждарната непроменливост во општата теорија за релативноста ја игра слична симетрија: дифеоморфната непроменливост.
W' и Z' бозоните се нови хипотетички баждарни бозони (именувани аналогно на W и Z бозоните од стандарниот модел).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.