Ајранли
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
Ајранли — раселено село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Ајранли | |
Воздушен поглед на местоположбата на селото Ајранли | |
Координати 41°20′45″N 22°31′49″E | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Валандово |
Област | Бојмија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 300 м |
Ајранли на општинската карта Атарот на Ајранли во рамките на општината | |
Ајранли на Ризницата |
Денес, од селото нема никакви видливи остатоци, освен т.н. „Тимова Чешма“, која се наоѓа на местото на некогашното село.
Селото се наоѓало на јужните падини на планината Плавуш, на надморска височина од 209 метри. Се наоѓа северозападно од градот Валандово, меѓу селата Вејсели на југ и Терзели на северозапад.[2]
До некогашното село води земјен пат, кој започнува од селото Пирава, до кое има асфалтен пат.
За време на отоманскиот период селото било познато под името Ахранли.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 32 домаќинства со 73 жители муслимани.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ајранли живееле 175 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 25 до 50 Турци.[5]
Селото било наполно раселено по 1953 година, когашто броело 53 жители, турско население.[2] Иселувањето на селото започнало уште пред Втората светска војна, кога населението на Ајранли значајно опаднало. Селото е наполно напуштено во 1950-тите со иселувањето на Турците од Македонија.
Според пописот од 2002 година, во селото Ајранли немало жители.[6] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 175 | — | 46 | 53 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
На крајот од XIX век, Ајранли било наполно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Ајранли се наоѓале селата Аразли, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Јосифово, Плавуш, Терзели и Удово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Јосифово, во која влегувале селата Ајранли, Вејсели, Јосифово, Плавуш и Терзели.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0290 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Калково. Покрај селото Ајранли, во ова избирачко место се опфатени и селата Плавуш, Терзели, Вејсели и дел од селото Јосифово, што е всушност Калково.[11]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 292 гласачи.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.