Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сер Артур Чарлс Кларк бил англиски писател на научна фантастика и пронаоѓач.
Сер Артур Ч. Кларк | |
---|---|
Артур Ч. Кларк во неговата канцеларија во Колумбо, Шри Ланка, 28 Март 2005 | |
Занимање | Автор |
Националност | Британец |
Државјанство | САД и Шри Ланка |
Жанр | Научна фантастика]] |
Предмет | Наука |
Значајни дела | Childhood's End 2001: A Space Odyssey Rendezvous with Rama The Fountains of Paradise |
Сопруг/а | Мерлин Мејфилд (1953-1964) |
мрежно место | |
http://www.clarkefoundation.org/ |
Кларк е најпознат по неговиот научнофантастичен роман „2001: Вселенска одисеја“ и заради неговата соработка со режисерот Стенли Кјубрик во истоимениот филм. Заедно со Роберт Хајнлајн и Исак Асимов, тој бил вбројуван во „големата тројка“ на научната фантастика во XX век. Напишал повеќе од 100 книги за науката, вселената и иднината, со идеи кои дадоа значаен придонес во развојот на некои современи технологии. Тој е меѓу првите кои предлагале употреба на систем од геостационарни сателити како комуникациска мрежа. Наречен „Пророк на вселенското време“, британскиот писател на научна фантастика Артур Ч. Кларк изумил и предвидел неколку концепти клучни за современо ползување на вселената. Највлијателна била неговата теорија во 1945 г. дека геостационарните сателити што ја обиколуваат Земјата еднаш дневно може да се употребуваат за комуникација.
Роден е во Мајнхед Самерсет во Англија. По завршувањето на средното училиште, заради материјални причини не можел да си дозволи универзитетско образование, па се вработил како ревизор во едно од министерствата на тогашната влада. Во текот на Втората светска војна служел во РАФ како радарски техничар и учествувал во изградбата на првиот систем за рано тревожење. По војната дипломирал на Кралскиот Колеџ во Лондон, а во 1948 магистрирал математика и физика. Се оженил со Американката Мерилин Мејфилд (Marilyn Mayfield) во јуни 1953 година, но веќе во декември истата година се развеле. Подоцна изјавил: „Тоа беше клучен доказ дека јас не сум за брак. Но мислам дека секој човек мора и тоа да го проба барем еднаш во животот“.
Од 1956. година, тој живеел во Коломбо на Шри Ланка. Во 1988. година му бил дијагностициран пост-полио синдром и оттогаш бил прикован за инвалидска количка. Во 1998 година, британската кралица Елизабета II го прогласила за витез.
Во својот тестамент Кларк изречно нагласил дека за неговиот погреб не е дозволен „апсолутно никаков религиски обред од која и да било вероисповед.“
Најголемиот придонес на Кларк во науката е идејата за користење на геостационарни сателити како комуникациони релеи. Меѓународниот астрономски сојуз ја нарекол геостационарната орбита (42.000 км) Кларкова орбита во негова чест.
Во 1951 година, Кларк го напишал кусиот расказ „Стражарот“ (англиски: The Sentinel) и го испратил на еден Би Би Си-ев книжевен натпревар. Расказот бил оценет од комисијата како многу слаб и не е објавен. Меѓутоа, во 1964 година, токму тој расказ претставувал јадро за неговото најпознато дело, кое е екранизирано во соработка со режисерот Стенли Кјубрик, „2001: Одисеја во вселената“ (филмската премиера била во 1968 година). Иако на корицата на книгата не се наоѓало името на Кјубрик, Кларк често говорел дека на книгата требало да пишува дека нејзини автори се Артур Кларк и Стенли Кјубрик, а на филмот како автори да бидат наведени Стенли Кјубрик и Артур Кларк.
Артур Кларк ужива углед на еден од најголемите научнофантастични писатели. Така, Реј Бредбери изјавил: „Артур Кларк е еден од вистинските гении на нашето време. Искрено му завидувам на неговиот ум.“ Според Карл Саган, „нема никакво сомнение дека Артур Кларк даде огромен придонес кон засилувањето на расположението за да се оствари сериозно човечко присуство надвор од меѓите на нашата планета“. Алвин Тофлер изјавил дека „во овој свет исполнет со очајување и страв, Артур Кларк секогаш се вбројуваше во оние кои веруваа во можностите на човекот, и против оние кои ја застапуваа идејата за неговиот пораз“. Според зборовите на Исак Асимов, „никој не е во состојба за истражувањето на вселената во блиска иднина пишува со толкава убедливост како Артур Кларк; едноставно, поради тоа што никој, кој макар и половина пишува толку добро како него, не поседува ни третина од она знаење за материјата со кое располага тој.“[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.