Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Исак Асимов, (руски: Исаак Юдович Азимов, англиски: Isaac Asimov; 2 јануари 1920 - 6 април 1992 ) — американски писател на научна фантастика и биохемичар со еврејско-руско потекло. Роден е во Петрович, во Смоленската област, СССР. Со родителите емигрирал во САД на тригодишна возраст. Дипломирал хемија на универзитетот Колумбија во 1939 година, а докторирал во 1948 година.
Умрел од сида, бидејќи во 1983 година бил заразен со ХИВ преку трансфузија за време на операцијата на срцето, а тоа било објавено дури десет години по неговата смрт.
Асимов бил долгогодишен член на Менса. Во негова чест е наречен астероидот 5020 Асимов.
Асимов е најпознат по збирката раскази за роботи, „Јас, робот“ (1950) и по трилогијата „Фондација“ (1951–1953) со кои значително влијаел врз современата научна фантастика. Во нив се обидува да ги искористи сознанијата од современото научно истражување и да ги екстраполира, понекогаш во сосема неочекувана насока. Дел од неговите дела се хибриди помеѓу криминалистичкиот роман и научната фантастика, а многу ценети му се и книгите од научнопопуларен карактер.
Познати се и неговите Три закони на роботиката:
}
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.