Армутчи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Армутчиmap

Армутчи (грчки: Μεγάλη Βρύση, Мегали Вриси, до 1927 Αρμουτσή, Армутци)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Армутчи Μεγάλη Βρύση, Земја ...
Армутчи
Μεγάλη Βρύση
Thumb
Армутчи
Армутчи
Местоположба во областа
Thumb
Армутчи
Местоположба на Армутчи во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°0′N 23°47′E
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000121000000121 м
Население (2001)[1]
  Вкупно520
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Затвори

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 8 километри западно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 121 метри.

Армутчи опфаќа површина од 34 квадратни километри[3].

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Армутчи се состоело од 40 семејства и 105 жители муслимани[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Армутчи имало 350 жители Македонци и 20 Роми[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 330 жители, додека во 1920 година 467 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1926 година, селото било преименувано во Мегали Вриси.[6]

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 451 жител бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 732 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 590 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 527 жители, во 1971 година имало 474 жители, во 1981 година имало 468 жители, додека во 1991 година имало 497 жители[8]. Денеска, населението на селото е 520 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 732 590 527 474 468 497 520
Затвори
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.