Италијански фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Анџело Обинзе Огбона (роден на 23 мај 1988 година) — италијански фудбалер со нигериско потекло, играч од одбраната на Вест Хем Јунајтед. Од 2011 година Огбона настапувал и за сениорската репрезентација на Италија со која бил вицешампион на Европското првенство 2012 година.
Анџело Огбона | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 23 мај 1988 | ||
Роден во | Касино, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,89||
Позиција | централен одбранбен | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Вест Хем Јунајтед | ||
Број | 21 | ||
Младинска кариера | |||
Торино | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2006-2013 | Торино | 150 | (1) |
2007-2008 | → Кротоне (позајмен) | 22 | (0) |
2013-2015 | Јувентус | 41 | (0) |
2015- | Вест Хем Јунајтед | 107 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2009-2010 | Италија 21 | 10 | (0) |
2011- | Италија | 13 | (0) |
* Ажурирано на: 21 септември 2011 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Пред Јувентус Огбона настапувал седум години за градскиот соперник Торино, клуб во кој ја започнал својата кариера како јуниор во 2002 година.
Роден е во Касино, но Огбона има нигериско потекло. Тој бил забележан од страна на Торино чии скаути подоцна успеале да го убедат да потпише со младинската школа на Торо. Тој го направил своето деби во Серија А и воопшто првиот старт во почетниот тим на Торино во кариерата на 11 февруари 2007 година, во поразот на домашен терен од Реџина со 1-2, во кој ги одиграл сите 90 минути. Тој направил уште три настапи во Серија А таа сезона. Тој потоа бил пратен на заем во Кротоне во сезоната 2007-08, каде што одиграл 22 првенствени натпревари таа сезона.
Огбона се вратил во Торино пред почетокот на сезоната 2008-09, играјќи главно како резервна опција за стартерите Чезаре Натали и Марко Ди Лорето, иако тој сепак успеал да направи 19 првенствени настапи за Торо. Торино, сепак, биле потиснати во Серија Б на крајот на сезоната. Почнувајќи од 2009 година, по испаѓање на клубот во Серија Б, Огбона го заслужил своето место како стартер, и направил 31 лигашки настап и постигнал еден гол за клубот со седиште во Пиемонт за време на сезоната 2009-10. Во три Серија Б сезони со Торино, Огбона направил 105 настапи, помагајќи му на клубот да се врати во Серија А откако заврши втор зад Пескара во сезоната 2011-12. На 2 февруари 2012 година, тој го обновил својот договор со Торино до 30 јуни 2016[1]
Првaтa целосна сезона на Огбона во Серија А била попречена од страна на две долги повреди кои ги ограничиле настапите на играчот на само 22 натпревари во лигата. Исто така, враќањето на Торино во врвната италијанска лига завршило успешно, откако клубот обезбедил опстанок завршувајќи ја сезоната на 16. место во лигата.
На 11 јули 2013 година, Огбона официјално заминал на медицински тестови кај градскиот соперник на Торино, лига првакот од претходната сезона Јувентус.[2] По положувањето на медицински тестови, Огбона официјално потпишал за Јувентус на 11 јули 2013 година за трансфер сума од 13.000.000 €.[3] Огбона потпишал пет-годишен договор, кој го врзува за Старата дама до 30 јуни 2018 година.
На 10 јули 2015 преминал во редовите на Вест Хем Јунајтед за 11 милиони евра.
На 12 август 2009 година, тој го направил своето деби во италијанската репрезентација под 21 година во пријателски натпревар против Русија.
На 4 јуни 2011 година, Огбона го добил својот прв повик во сениорската репрезентација од страна на селекторот Чезаре Прандели, и покрај тоа што тогаш играл во Серија Б. Тој е првиот играч на Торино кој бил повикан во дресот на Аѕурите од 2007 година. По неколку повреди во составот на Аѕурите, Огбона бил повикан повторно на 5 октомври 2011 година. Тој го направи своето сениорско деби на 11 ноември 2011 година во пријателски натпревар во кој Италија ја победила Полска со 2-0, каде што тој влегол како замена за Доменико Кришито во 77. минута.
Огбона бил вклучен и во италијанскиот состав од 23 играчи за Европското првенство 2012, но не одиграл ниту еден натпревар на турнирот.
Откако не бил повикан за Светското првенство 2014 во Бразил, Огбона се вратил во репрезентацијата по доаѓањето на селекторската позиција на неговиот поранешен тренер од Јувентус, Антонио Конте. На 31 мај, тој се нашол на листата повикани играчи од Конте за Европското првенство 2016 во Франција.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
11-11-2011 | Вроцлав | Полска | 0 – 2 | Италија | Пријателска | - | 77' | |
29-2-2012 | Џенова | Италија | 0 – 1 | САД | Пријателска | - | ||
1-6-2012 | Цирих | Италија | 0 – 3 | Русија | Пријателска | - | 54' | |
15-8-2012 | Берн | Италија | 1 – 2 | Англија | Пријателска | - | ||
7-9-2012 | Софија | Бугарија | 2 – 2 | Италија | Квал. за СП 2014 | - | 64', 69' | |
31-5-2013 | Болоња | Италија | 4 – 0 | Сан Марино | Пријателска | - | ||
10-9-2013 | Торино | Италија | 2 – 1 | Чешка | Квал. за СП 2014 | - | 76' | |
15-11-2013 | Милано | Италија | 1 – 1 | Германија | Пријателска | - | 71' | |
19-11-2013 | Лондон | Италија | 2 – 2 | Нигерија | Пријателска | - | ||
Вкупно | Настапи | 9 | Голови | 0 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.