Анаксимандар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Анаксисмандар (грчки: Αναξίμανδρος) (околу 610 п.н.е. – околу 546 п.н.е.)[1] — вториот од физичките филозофи на Јонија, граѓанин на Милет[2], придружник или ученик на Талес, и учител на Анаксимен.

Според достапните историски документи, тој е првиот филозоф за кој се знае дека ги запишал своите студии,[3] иако останал само еден фрагмент од неговото дело. Фрагментираните сведоштва пронајдени во документите по неговата смрт даваат портрет на човекот.
Анаксимандар се смета за ученик на Талес. Прв составил географска карта и карта на небото, конструирал часовник. Според него земјата е цилиндар кој е висок како третина од својата ширина и лебди во центарот на вселената. Според него околу земјата се движат ѕвездите, планетите, сонцето и месечината. Сметал дека човекот потекнувал од риба. Тој сметал дека праосновата на светот е апејронот, што на грчки значи она бесконечното, неопределеното и безграничното. Имено, апејронот содржи два пара спротивности; топло и студено, суво и влажно. Анаксимандар сметал дека кога ќе се спои топлото со сувото настанува огнот, топлото и влажното даваат воздух, студеното и влажното раѓа вода, а студеното и сувото - земја. Од своја страна, овие четири изведени елементи служат како материјал од којшто се создава сѐ; што постои и може да постои. Анаксимандар сметал дека она од што настануваат стварите - во тоа според нужноста настанува и нивната пропаст, зашто тие една од друга трпат казна поради својата несправедливост според редот на времето. Анаксимандар прв зборувал за еволуцијата на појавата на човекот.Со затоплувањето,од водата и земјата произлегле риби или живи суштества слични на риби,во нив се зачнале луѓето,кои излегуваат од нив.
Биографија
Анаксимандар бил син на Праксијад, роден во третата година од 42-та Олимпијада (610 п.н.е.).[4] Според Аполодор од Атина, грчки граматичар од 2 век п.н.е., тој имал шеесет и четири години во текот на втората година од 58-та Олимпијада (547–546 п.н.е.) и умрел кратко потоа[5].
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.