италијански барокен композитор From Wikipedia, the free encyclopedia
Алесандро Марчело (италијански: Alessandro Marcello, 24 август 1669 – 19 јуни 1747) — италијански благородник, композитор и музичар.
Марчело одржувал концерти во родниот град, Венеција и бил современик и сограѓанин на Антонио Вивалди и Томазо Албинони. Искомпонирал и објавил неколку збирки концерти, од кои шест поод заедничкиот наслов „Цитра“ (La Cetra), како и кантати, арии, канцонети и виолински сонати. Честопати делата ги објавувал под псевдонимот Етерио Стинфалико, под кој се водел како член во прочуената Аркадиска академија (Pontificia Accademia degli Arcadi). Починал во 1747 г. во Падова.
Брат му, Бенедето Марчело исто така бил композитор. Бенедето во 1728 г. вонзаконски се оженил со неговата ученичка по пеење Розана Скалфи, која подоцна станала самостоен композитор. По неговата смрт таа не можела да добие наследство, па затоа во 1742 г. покренала тужба против деверот Марчело.[1]
Иако неговите дела денес се малку застапени на репертоарите, Марчело се смета за мошне квалитетен композитор. Збирката концерти „Цитра“ се смета за необична поради дувачките сола, концизноста и употребата на контрапункт во рамките на еден поширок вивалдиевски стил, а со тоа и последниот застапник на венецијанскиот барокен концерт.“
Веројатно најпознато негово дело е концертот за обоа, гудачки инструменти и генералбас (континуо). Јохан Себастијан Бах високо го ценел делото, и затоа го транскрибирал за чембало (BWV 974). Оттогаш се објавени разни преработки на овој концерт. Варијантата цо Ц-мол се смета за дело на брат му, Бенедето.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.