From Wikipedia, the free encyclopedia
Александар Вуковиќ (25 август 1979) е српско - полски фудбалски менаџер и поранешен професионален играч. Тој моментално раководи со екипата на Екстракласа Легија Варшава.
Кариерата ја започнал во Борац Бања Лука. Уште млад, тој се преселил во младинскиот тим на ФК Партизан. Каде што играл до 2000 година. Додека бил во Србија, тој играл и за ФК Телеоптик и ФК Милисионар. Вуковиќ станал државјанин на Полска на 13 јуни 2008 година. Тој потпишал договор со новиот клуб – Ираклис Солун ФК на 17 декември 2008 година. Фудбалската кариера ја завршил во полската Екстракласа Корона Киелце.
Во играчката кариера, настапувал за Партизан, Милиционар Белград, Легија Варшава, Ерготелис, Ираклис и Корона Киелце.
Во 2019-2020 година бил тренер на Легија Варшава. Тој го освоил полското првенство во сезоната 2019-2020 Екстракласа.[1] Тој бил отпуштен во следната сезона, откако брзо испаднал од квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА и поразот во лигата од Горник Забрзе.[2]
На 13 декември 2021 година, тој повторно бил најавен како менаџер на Легија, по оставката на Марек Голебиевски еден ден претходно по поразот од Висла Плок, со што Легија паднала до последното место во лигата.[3] Во својот прв натпревар по неговото враќање, Легија го совладала Заглабие Лубин со 4-0 и ја напуштила зоната за испаѓање на Екстракласа.[4]
Како тренер ги има водено Корона Киелце, како и вториот и првиот тим на Легија Варшава.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.