Аиево
село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Аиево или Ајово, познато и како Ехлово или Јахали (грчки: Ακροπόταμος, Акропотамос; до 1927 г. Γιαχαλή, Јахали[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 596 жители (2011).[3]
Аиево Ακροπόταμος | |
---|---|
Координати: 40°50.25′N 22°39.15′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Илиџиево |
Општ. единица | Куфалово |
Надм. вис. | м | 45
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 596 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 570 11 |
Селото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, на левиот брег на реката Вардар. Лежи 40 км северозападно од Солун и 14 км североисточно од градот Куфалово.
На крајот на XIX век Аиево било македонско село во Солунската каза. Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. погрешно го води Ехлово живееле 112 Турци и 48 Роми.[4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Аиево имало 32 жители Македонци.[5] Во својот патопписен попис, Боривое Милоевиќ завел 15 македонски и 5 турски куќи.[6]
Во Втората балканска војна целото село пребегало преку граница за да се спаси од свирепоста на грчката војска. При неговото припојување кон Грција согласно Букурешкиот договор истата година тоа се води како напуштено.[6] Малку подоцна во него се доведени грчки доселеници кои во 1920 г. броеле 50 лица. По 1922 г. се доселени уште грчки колонисти, за во 1928 г. да нарасне на 438 жители.[6] Во 1927 г. селото е преименувано во на Акропотамија, што а алтернативно на денешното Акропотамос. Според друг грчки податок, во 1928 г. селото имало 377 жители од 97 семејства.[7]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 657 | 668 | 724 | 652 | 650 | 635 | 698 | 596 |
Селото важи за мошне богато поради неговата положба во поле. Се произведуваат памук, жито и други култури, а развиено и е краварството.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.