From Wikipedia, the free encyclopedia
Аеродром Хелсинки[3] (IATA: HEL, ICAO: EFHK; фински: Helsinki-Vantaan lentoasema, шведски: Helsingfors-Vanda flygplats[4]) — главен меѓународен аеродром на метрополитенската област Хелсинки и на цела Финска. Се наоѓа во Ванта, околу 5 километри западно од Тикурила, центарот на Ванта, и 17 километри северно од Хелсинки и служи како јазол за Finnair, финскиот авиопревозник, а воедно е база и за Norwegian Air Shuttle и Flybe Nordic.
Аеродром Хелсинки Helsinki-Vantaan lentoasema Helsingfors-Vanda flygplats | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||||||||||
Тип | јавен | ||||||||||||||||||
Оператор | Финавија | ||||||||||||||||||
Опслужуван град | Хелсинки, Финска | ||||||||||||||||||
Местоположба | Ванта | ||||||||||||||||||
Јазол за |
| ||||||||||||||||||
Фокусен град за | Blue1 | ||||||||||||||||||
Надморска височина | 55 m / 179 ft | ||||||||||||||||||
Мрежно место | helsinki-vantaa.fi | ||||||||||||||||||
Карта | |||||||||||||||||||
Писти | |||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||
Статистика (2013) | |||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||
Првично изграден за потребите на Летните олимписки игри 1952 во Хелсинки, аеродромот опслужил 15.279.043 патници во 2013 година и е четврти најголем аеродром во Скандинавија. Аеродромот Хелсинки е далеку најпрометен аеродром во Финска. Во 2013 година имал 15.279.043 патници, скоро 81% од вкупниот број на патници од 21. комерцијален аеродром во Финска (18.880.940).[5] Обезбедува работа за 20.000 лица и скоро 1.500 претпријатија работат на аеродромот.[6]
Аеродромот е управуван од Финавија, државно претпријатие, кое управува со финските аеродроми. Аеродромот Хелсинки бил избран за најдобар аеродром во светот во студија на ИАТА од 1999 година. Во 2006 година, истражување на корисниците низ светот го сместило аеродромот на првите места во светот, а во 2005 година според стапките на задоцнување, аеродромот бил прогласен за најточен во Европа.
Аеродромот е поделен на два терминала, оддалечени 250 метри еден од друг и поврзани со внатрешна пешачка врска. Меѓутоа, во пракса, пасошките одделенија не се поделени на терминали, туку на областа Шенген и надвор од неа. Областа надвор од Шенген во терминалот 2 била проширена во 2009 година за да му овозможи на аеродромот да опслужи осум големи воздухоплови во портите истовремено. Капацитетот на терминалите на аеродромот е околу 16-17 милиони патници годишно.[7]
Во 2013 година, Финавија објавила планови за проширување на аеродромот да опслужува до 20 милиони патници до 2020 година. Изградбата е определена да започне во 2014 година со додавање на капацитет на пасошките одделенија и транзитниот дел во терминалот 2. Проектот за проширување се проценува дека ќе чини 900 милиони евра. Дел од планот е изградба на дополнителен терминал до терминалот 2, но планот бил откажан поради трошоците и сега ќе се оди со проширување на една терминална зграда.[8] Во септември 2014 година, Финавија открила подетални планови за идното проширување кое ќе се остварува во периодот 2014-2010. Терминалите 1 и 2 ќе бидат проширена и споени под еден покрив со нови порти и места на пистата.[9]
Во 2014 година, Хелсиншкиот аеродром вовел за првпат во светот систем за следење на патниците,[10] кој автоматски ја надгледува толпата и спречува застои во аеродромот.[10]
Трите писти на аеродромот обезбедуваат платформа за идниот раст на аеродромот и аеродромот може да прифаќа големи воздухоплови како Ербас А340. Употребата на трите писти дозволува ефикасно чистење на снег и мраз во текот на зимските месеци, што дозволува аеродромот да остане отворен.[11]
Следниве агенти обезбедуваат услуги за авиопревозници:[12] Airpro, Inter Handling, ISS Aviation, Servisair, Groundpower и Swissport.
Постојат неколку аеродромски хотели и деловни згради на аеродромот. Авијаполис е нов меѓународен бизнис парк во близина на аеродромот, веќе дом на бројни компании околу аеродромот. Неколку хотели се сместени близу аеродромот исто така.
Авиопревозници | Дестинации | Терминал |
---|---|---|
Aeroflot | Москва-Шереметјево | 2 |
airBaltic | Рига | 1 |
Arkia Israel Airlines | Сезонски: Тел Авив-Бен Гурион | 2 |
BASe Airlines | Савонлина | 2 |
Belavia | Минск-Национален | 2 |
British Airways | Лондон-Хитроу | 2 |
Eurolot | Гдањск | 2 |
Finnair | Амстердам, Бангкок-Суварнабуми, Барселона, Пекинг, Берлин-Тегел, Брисел, Будимпешта, Чонгкинг, Копенхаген, Делхи, Диселдорф, Франкфурт, Женева, Гетеборг-Лендветер, Хамбург, Хонгконг, Ивало, Јоенсу, Китилја, Куопио, Кусамо, Лондон-Хитроу, Мадрид, Малага, Манчестер, Милано-Малпенза, Москва-Шереметјево, Минхен, Нагоја, Њујорк-ЏФК, Осака-Кансаи, Осло-Гардермун, Оулу, Париз-Шарл де Гол, Прага, Рим-Фјумичино, Рованиеми, Санкт Петербург, Сеул-Инчхеон, Шангај-Пудунг, Сингапур, Стокхолм-Арланда, Тел Авив-Бен Гурион, Токио-Нарита, Васа, Виена, Вилниус, Варшава-Шопен, Екатеринбург, Цирих Сезонски: Анталија, Атина (започнува на 5 април 2015 г.), Берген, Бијариц, Катанија (започнува на 6 мај 2015 г.), Ханија (започнува на 18 април 2015 г.), Даламан (започнува на 12 април 2015 г.), Дубаи, Дубровник, Газипаша, Гран Канарија, Ханој, Ираклион (започнува на 17 април 2015 г.), Инсбрук (започнува на 14 јуни 2015 г.), Кос (започнува на 9 мај 2015 г.), Краби (започнува на 10 декември 2014 г.), Краков, Љубљана, Малта (започнува на 2 април 2015 г.), Мајами (започнува на 16 декември 2014 г.), Неапол (започнува на 28 мај 2015 г.), Ница, Пафос (започнува на 31 март 2015 г.), Палма де Мајорка (започнува на 11 април 2015 г.), Пукет, Пиза, Родос (започнува на 19 април 2015 г.), Сплит (започнува на 5 мај 2015 г.), Тенерифе-Север (започнува на 15 октомври 2014 г.), Тенерифе-Југ, Торонто-Пирсон, Венеција-Марко Поло, Ксијан | 2 |
Finnair управувано од Flybe Nordic | Берлин-Тегел, Брисел, Будимпешта, Копенхаген, Диселдорф, Франкфурт, Женева, Гетеборг-Лендветер, Хамбург, Јоенсу, Казан, Куопио, Кусамо, Манчестер, Минхен, Нижни Новгород, Осло-Гардермун, Оулу, Париз-Шарл де Гол, Прага, Рига, Санкт Петербург, Самара, Стокхолм-Арланда, Стокхолм-Брома, Талин, Тампере, Турку, Васа, Виена, Вилниус, Варшава-Шопен, Цирих Сезонски: Даблин (започнува на 30 март 2015 г.), Тромсе | 2 |
Flybe управувано од Flybe Nordic | Јивјаскилја, Кајани, Кеми/Торнио, Кокола/Јакобстад, Мариехамн, Норкепинг, Тарту Сезонски: Висби | 2 |
Gotlandsflyg управувано од Golden Air | Сезонски: Висби | 1 |
Icelandair | Рејкавик-Кеплавик | 1 |
Japan Airlines | Токио-Нарита | 2 |
Jet Time | Сезонски: Газипаша | 2 |
KLM | Амстердам | 2 |
Lufthansa | Франкфурт, Минхен | 1 |
Norwegian Air Shuttle | Аликанте, Атина, Барселона, Будимпешта, Копенхаген, Лондон-Гетвик, Мадрид, Малага, Осло-Гардермун, Оулу, Париз-Орли, Рим-Фјумичино, Рованиеми, Стокхолм-Арланда Сезонски: Бургас, Ханија, Крф, Даблин, Дубровник, Гран Канарија, Ивало, Китилја, Ларнака, Ница, Палма де Мајорка, Прага, Родос, Салцбург, Сплит, Тенериге-Југ, Венеција-Марко Поло, Санторини | 2 |
S7 Airlines | Москва-Домодедово | 2 |
Scandinavian Airlines | Копенхаген | 1 |
Scandinavian Airlines | Копенхаген, Осло-Гардермун, Стокхолм-Арланда Сезонски: Китилја, Сплит | 1 |
Severstal Aircompany | Череповец | 2 |
Snowbird Airlines | Енонтекио (започнува на 24 ноември 2014 г.), Малага, Оулу | 2 |
SunExpress | Измир | 2 |
Swiss International Airlines | Цирих (започнува на 2 мај 2015) | 1 |
TAP Portugal | Лисабон | 1 |
Turkish Airlines | Истанбул-Ататурк | 2 |
Ukraine International Airlines | Киев-Бориспил | 2 |
Vueling | Сезонски: Барселона | 1 |
Авиопревозници | Дестинации |
---|---|
Airest | Талин |
Amapola Flyg | Мастрихт |
Avies | Талин |
DHL Aviation | Лајпциг-Хале, Санкт Петербург |
FedEx Express | Копенхаген, Париз-Шарл де Гол |
Finnair Cargo управувано од Nordic Global Airlines | Брисел, Ханои, Хонгконг, Њујорк-ЏФК, Новосибирск |
TNT Airways | Лиеж |
Turkish Airlines Cargo | Истанбул-Ататурк, Стокхолм-Арланда |
UPS Airlines | Келн/Бон, Малме, Стокхолм-Арланда |
West Air Sweden | Копенхаген |
Место | Град | Аеродром(и) | Неделни летови (мај 2014) |
Авиопревозници |
---|---|---|---|---|
1. | Стокхолм | Аеродром Стокхолм-Арланда, Аеродром Стокхолм-Брома | ||
2. | Копенхаген | Аеродром Копенхаген | ||
3. | Лондон | Аеродром Лондон-Хитроу, Аеродром Лондон-Гетвик | ||
4. | Рига | Аеродром Рига | ||
5. | Осло | Аеродром Осло-Гардермун | ||
6. | Франкфурт | Аеродром Франкфурт | ||
7. | Талин | Аеродром Талин | ||
8. | Париз | Аеродром Париз-Шарл де Гол, Аеродром Париз-Орли | ||
8. | Берлин | Аеродром Берлин-Тегел | ||
10. | Минхен | Аеродром Минхен | ||
10. | Амстердам | Аеродром Амстердам | ||
Место | Град | Аеродром(и) | Неделни летови (мај 2014) |
Авиопревозници |
---|---|---|---|---|
1. | Оулу | Аеродром Оулу | ||
2. | Куопио | Аеродром Куопио | ||
3. | Васа | Аеродром Васа | ||
4. | Рованиеми | Аеродром Рованиеми | ||
5. | Тампере | Аеродром Тампере-Пиркала | ||
5. | Турку | Аеродром Турку | ||
7. | Јоенсу | Аеродром Јоенсу | ||
8. | Кајани | Аеродром Кајани | ||
9. | Јивјаскилја | Аеродром Јивјаскилја | ||
10. | Кеми | Аеродром Кеми-Торнио | ||
Година | Домашни патници | Меѓународни патници | Вкупно патници | Промена |
---|---|---|---|---|
1999 | 2.803.907 | 6.760.931 | 9.564.028 | +2,2% ▲ |
2000 | 3.042.914 | 6.967.234 | 10.010.148 | +4,7% ▲ |
2001 | 2.999.672 | 7.031.246 | 10.030.918 | +0,2% ▲ |
2002 | 2.747.862 | 6.862.025 | 9.609.887 | −4,2% ▼ |
2003 | 2.684.618 | 7.026.302 | 9.710.920 | +1,1% ▲ |
2004 | 2.836.852 | 7.893.125 | 10.729.977 | +10,5% ▲ |
2005 | 2.804.304 | 8.326.285 | 11.130.589 | +3,7% ▲ |
2006 | 2.927.627 | 9.220.154 | 12.147.781 | +9,1% ▲ |
2007 | 2.875.289 | 10.215.455 | 13.090.744 | +7,8% ▲ |
2008 | 2.700.350 | 10.726.551 | 13.426.901 | +2,2% ▲ |
2009 | 2.372.844 | 10.218.762 | 12.591.606 | −6,3% ▼ |
2010 | 2.208.521 | 10.674.878 | 12.883.399 | +2,2% ▲ |
2011 | 2.707.044 | 12.158.827 | 14.865.871 | +15,5% ▲ |
2012 | 2.693.151 | 12.165.064 | 14.858.215 | −0,1% ▼ |
2013 | 2.431.632 | 12.847.411 | 15.279.043 | +2,8% ▲ |
Година | Домашен товар | Домашна пошта | Меѓународен товар | Меѓународна пошта | Вкупно товар и пошта | Промена |
---|---|---|---|---|---|---|
2005 | 4.692 | 5.251 | 115.734 | 9.627 | 135.303 | +1,9% ▲ |
2006 | 4.145 | 5.469 | 126.332 | 9.098 | 145.044 | +7,2% ▲ |
2007 | 3.171 | 5.676 | 139.840 | 14.961 | 154.801 | +6,7% ▲ |
2008 | 2.968 | 4.435 | 140.572 | 9.532 | 157.508 | +1,8% ▲ |
2009 | 1.322 | 2.161 | 110.382 | 8.243 | 122.107 | −22,5% ▼ |
2010 | 1.083 | 1.992 | 147.139 | 7.793 | 158.007 | +29,4% ▲ |
2011 | 615 | 2.464 | 157.178 | 9.962 | 169.985 | +8,0% ▲ |
2012 | 1.747 | 1.930 | 180.426 | 8.100 | 192.204 | +12,8% ▲ |
Поврзувајќи го аеродром со честата локална автобуска линија со број 61 на Хелсиншкото јавно сообраќајно претпријатие или такси до железничката станица Тикурила обезбедува пристап до приградските возови како и регионални возови до Тампере и Лахти, вклучувајќи линии до Санкт Петербург и Москва. Автобусот со број 540 ја поврзува железничката станица Еспо со аеродромот.
Изградбата на кружната железничка линија до аеродромот започнала во мај 2009 година, со предвиден рок за завршување кон средината на 2015 година. Новата железница ќе ги опслужува локалните приградски возови кои ќе поминуваат на секои десет минути во најгустите периоди. Патувањето од подземната станица по моменталната терминална зграда до главната железничка станица во Хелсинки ќе трае околу 30 минути. Патниците ќе имаат пристап до други возови на Тикурила, 8 минути оддалечена од аеродромот.[15]
Постојат вообичаените автобуски линии 615 и 620 до главната железничка станица во Хелсинки на секои 30-55 минути и до поголемите хотели и железнички станици во метрополитенската област на Хелсинки на секои 12-120 минути. Главниот управител на овие автобуси е Хелсиншкото сообраќајно претпријатие под брендот „ХСЛ“. Директната услуга од Finnair е исто така достапен до и од центарот на градот (обично на околу 30 минути).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.