Аеродромот Лајпцит-Алтенбург (IATA: AOC, ICAO: EDAC), до февруари 2008 познат како Аеродром Алтенбург-Нобиц, е германски регионален аеродром во Нобиц, 6 километри југоисточно од Алтенбург и 42 километри јужно од Лајпциг во покраината Тирингија. Тој е вториот најголем аеродром во Тирингија. Во 2007 опслужил скоро 140.000 патници.

Кратки факти Аеродром Лајпциг-АлтенбургLeipzig-Altenburg Airport Altenburg-Nobitz Airport, Општо ...
Аеродром Лајпциг-Алтенбург

Leipzig-Altenburg Airport

Altenburg-Nobitz Airport
Thumb
Општо
Типјавен
ОператорFlugplatz Altenburg-Nobitz GmbH
Опслужуван градЛајпциг и Алтенбург
МестоположбаНобиц
Надморска височина639,7 ft / 195 m
Координати50°58′50″N 12°30′36″E
Thumb
Писти
Правец Должина Површина
ft m
04/22 7,989 2,435 поплочена
Затвори

Историја

Thumb
Музеј на аеродромот

Аеродромот кај Алтенбург-Нобиц е еден од најстарите во Германија. Неговите корени може да се следат до 1868, кога областа околу аеродромот била користена како терен за вежби на пешадијата. Во 1881, војводата Ернст Втори од Саксо-Алтенбург се согласил за дополнително проширување на местото за воени цели и во 1909 на местото првпат слетал рана форма на авион; Војводата добил можност да се вози со него и веднаш станал поддржувач на воздухопловството. Две години подоцна во 1911 била одржана изложба на авиони на местата, каде имало и двокрилни мотори, а во јуни 1913 официјално бил основан аеродромот.

Во текот на Првата светска војна, Алтенбург-Нобиц бил главно користен како производствен центар за германското воено воздухопловство. Воената пилотска академија исто така се наоѓала на аеродромот.

По поразот на Германија, инфраструктурата околу аеродромот главно било отстранета во согласност со целите на Версајскиот договор. Местото било оставено во таа состојба до 1930-тите, но по доаѓањето на власт на нацистичката партија, аеродромот бил повторно активиран. Работите започнале во 1936; нови хангари, работилници и касарни биле изградени и била изградена бетонска писта.

Во текот на Втората светска војна, релативната оддалеченост на Алтенбург-Нобиц од главните настани на војната го направиле аеродромот совршено место за тренинзи на Луфтвафе.

Со падот на Третиот Рајх, аеродромот бил освоен од американската војска во април 1945, пред да биде предаден под советска контрола во јули, кога областа потпаднала под влијание на Советите, како последица на постигнатиот договор помеѓу сојузниците. Оттогаш до 1992, Алтенбург-Нобиц бил користен како воена база на советските воздухопловни сили. Исто така бил изграден и антиракетен систем во 1986.

Советското присуство на аеродромот завршило во 1992 со падот на комунизмот. По повторното обединување на Германија била донесена одлука за претворање на аеродромот во јавен и да биде користен како регионален аеродром. По неколку години Ryanair започнал да нуди летови до и од Велика Британија и Шпанија, но овие биле укинати во април 2011. Денес, Лајпциг-Алтенбург (како е сега познат аеродромот) главно е користен за комерцијални цели. Постои и мал воздухопловен музеј, кој ја прикажува историјата на аеродромот.

Авиопревозници и одредишта

Thumb
Слетување на аеродромот
Thumb
Приоден пат кон аеродромот Лајпциг-Алтенбург

Моментално не постојат закажани летови до и од Лајпциг-Алтенбург, откако Ryanair заминал во 2011 како последен преостанат авиопревозник.

Статистики

Повеќе информации Година ...
Година Движење на воздухоплови Патници (закажани летови) Патници (вкупно) Товар (тони)
1992 920 0 1.983 0
1995 18.462 0 19.788 0
1998 17.720 0 27.016 180,2
1999 17.693 0 30.044 66,2
2000 17.997 0 27.764 131,9
2001 16.127 0 26.868 27,9
2002 19.543 0 26.811 32,1
2003 16.116 51.419 71.124 20,7
2004 13.978 76.606 93.870 12,4
2005 12.601 100.956 118.252 102,7
2006 12.934 90.551 105.213 10,4
2007 14.232 124.411 139.593 20,3
Затвори

Несреќи и инциденти

На 10 март 2010, Боинг 737-800 на Ryanair, полетан од Лондон-Станстед, Велика Британија при слетувањето во Алтенбург не можел да воспостави радио контакт со кулата и бил пренасочен кон аеродромот Берлин Шенефелд (Германија). По инцидентот било откриено дека поради недоразбирање со распоредот, контролорот на летови не се појавил на работа.[1]

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.