Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Административната поделба на Отоманското Царство претставува територијална поделба заснована на воената администрација но со цивилна управа. Оваа поделба не ги опфаќала вазалните и потчинетите држави.
Постоеле два вида на територијална организација. Првиот вид се однесува на првобитната организација кој се развивала паралелно со развојот на Отоманското Царство, а другиот вид се појавил после големите административни реформи во 1864 година.
Првобитната организација има свои корени уште во времето на настанувањето на Отоманското Царство, како вазална држава на Селџуците (Uç Beyliği) во централана Анадолија.
Проширувањата настанале врз основа на веќе постоечката административна структура на селџучкиот систем, во која наследните владеачи на овие територии ја имале титулата бег. Овие бегови (локални водачи) продолжиле да владеат под сузеренство на Отоманските султани. Титула бег од тогаш не се однесувала само на постоечките и поранешните владеачи туку и на новите управници кои султанот ги поставувал на местото на оние кои ги разрешувал.
Отоманското Царство на почетокот било поделено на суверени санџаци и санџаци доделени на султановите синови. Со санџаците управувале санџак-бегови, воени управници кои добивале од страна на султанот знаме, или барјак таканаречен санџак. Како што се ширело царството низ Европа, се појавила потреба за формирање на нови административни единици од повисоко ниво. За време на владеењето на Мурат I (владеел од 1359-1389), беглер-беговите биле одредувани да управуваат со Румелија, т.е. со европскиот дел на царството.
После формирањето на беглер-беглуците, санџаците станувале второстепени административни единци. Беглер-беговите покрај тоа што имале обврска да управуваат со доделената територија, биле и команданти на сите воени трупи на својата територија.
Од средината на XIV век па до крајот на XVI век, настанал само еден беглер-беглук - Караман.
Ејалетите кои настанувале пред 1609 и ејалетите кои настанале после 1609 се:
Освојувањата на Селим I и Сулејман I во XVII век значеле потреба за нови административни единици. До крајот на втората половина од XVII век имало 42 ејалети, како што тогаш се нарекувале беглер-беглуците.
Во следната табела е прикажана административната поделба од 1609 година.
Вилает | Турски назив | Воспоставен | Денешна локација | |
---|---|---|---|---|
Абисинија | Habeş | околу 1554 | Саудиска Арабија, Судан, Еритреја, Сомалија | Му припаѓале области од двете страни на Црвеното Море. Го нарекувале и "Мека и Медина". |
Адана | آضنه Ażana (Adana) | околу 1608 | Турција | |
Џезаир (Егејски архипелаг) | Cezayir | средина на 1500-те | Грција | |
Халеп | حلب Ḥaleb (Halep) | околу 1516-1521 | Сирија, Турција | |
Џезаир Карп | جزاير غرب Cezâyîr-i Ġarb (Cezayir Garp) | 1519 | Алжир | |
Анадолски | Anadolu | околу 1365 | Турција | |
Багдадски | بغداد Baġdâd (Bağdat) | 1535 | Ирак | |
Басра | بصره Baṣra (Basra) | околу 1552. | Ирак, Кувајт | |
Босански | Bosna | околу 1520-те | Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора | |
Будински | Budin | 1541 | Унгарија, Хрватска, Србија | |
Кипарски | قبرص Ḳıbrıṣ (Kıbrıs) | 1571 | Кипар, Турција | од околу 1660-1703 и 1784 па натаму, дел од вилаетот на Егејскиот архипелаг (Џезаир) |
Дијарбекир | دياربكر Diyârbekir (Diyarbakır) | 1515 | Турција, Ирак | |
Егир | اكر Egir (Eğri) | 1596 | Унгарија | |
Египет (Мисир) | مصر Mıṣır (Mısır) | 1517 | Египет, Израел, Јордан, Саудиска Арабија | |
Ерзурум | Erzurum | околу 1514-1534 | Турција | |
Ал-Хаса | Lahsa | околу 1579 | Саудиска Арабија | |
Кефе | Kefe | околу 1581 | Украина, Русија | |
Кањишки | Kanije | 1600 | Унгарија, Хрватска | |
Карамански | Karaman | околу 1470 | Турција | |
Карс | Kars | 1579 | Турција, Грузија | |
Мараш | Maraş, Dulkadır | околу 1522 | Турција | |
Мусул | Musul | касни 1500-те | Ирак | |
Рака | Rakka | касни 1500-те | Сирија, Турција, Ирак | |
Румелиски | Rumeli | околу 1365 | Бугарија, Грција, Република Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Турција | Со Анадолскиот, еден од двата првобитни ејалети. |
Самше | Çıldır | околу 1579 | Грузија, Турција | |
Шеризор | Şehrizor | средина на 1500-те | Ирак, Иран | |
Силистриски | Silistre | околу 1599 | Бугарија, Романија, Молдавија, Украина | |
Шивас | Sivas | ране 1500-те | Турција | |
Сириски | Şam | 1516-17 | Сирија, Либан, Израел, Палестина, Јордан, деол од Турција и дел од Ирак | |
Темишварски | Tımışvar | 1552 | Романија, Србија, Унгарија | |
Трабзон | Trabzon | касни 1500-те | Турција, Грузија | исто така познат како Требизондски вилает |
Триполи (Источен Триполи) | Trablus-ı Şam (Trablusşam) | околу 1570 | Либан, Сирија | |
Триполитанија (Западен Триполи) | Trablus-ı Garb (Trablusgarp) | 1551 | Либија | |
Туниски | Tunus | 1574 | Тунис | |
Вански | Van | 1548 | Турција | |
Јеменски | Yemen | 1517-18, 1539 | Јемен, Саудиска Арабија |
Вилаетите биле поделени на санџаци со кои управувале санџак-бегови. Некои, како Муташарифатскиот санџак (Ерусалимски), не биле дел од ниту еден вилает. Санџак-беговите служели и како воени командири со своја коњица од својот санџак. Некои вилаети (како Египтскиот, Багдадскиот, Абисинискиот и Ал-Хасанскиот) не биле поделени на санџаци.
Како што слабеело Отоманското Царство, административната структура била разнишана. Со Отоманскиот закон од 1864 направена е реформа на административната поделба на царството во која ејалетите станале мали вилаети со кои управувале валии. Вилаетите биле поделени на санџаци, муташарифати и вазални држави како што биле Србија, Романија и Црна Гора, кои останале надвор од овој административен систем.
Западни:
Анадолија:
Источни:
После Танзимат реформите од 1885, малоазиската област со кое управувало Отоманското Царство е поделена на 15 вилаета, едан санџак и едан утершафлик на Цариградскиот вилает (и двата од азиската страна на Босфор). Секој вилает бил поделен на неколку санџаци.
Западни:
Анадолија:
Источни:
Западни:
Анадолија:
Источни:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.