Аветите (латински: Tarsius) сочинуваат род на примати кој образува своја самостојнo семејство и инфраред. Родот на авети се дели на минимум 3 вида.

Кратки факти Авети Период: Доцен еоцен - денес, Научна класификација ...
Авети
Период: Доцен еоцен - денес
Thumb
Филипински авет (Tarsius syrichta)
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Primates
Подред: Haplorrhini
Инфраред: Tarsiiformes
Gregory, 1915
Семејство: Tarsiidae
Gray, 1825
Род: Tarsius
Storr, 1780
Типски вид
Лемурски авет
Erxleben, 1777
Видови

Tarsius syrichta
Tarsius bancanus
Tarsius tarsier
Tarsius dentatus
Tarsius lariang
Tarsius pelengensis
Tarsius sangirensis
Tarsius tumpara
Tarsius pumilus

Синоними
  • Cephalopachus Swainson, 1835
  • Hypsicebus Lesson, 1840
  • Macrotarsus Link, 1795
  • Rabienus Gray, 1821
Затвори

Систематика

Порано аветите припаѓале на застарениот подред полумајмуни, а денес се сметаат како едно од семејствата на сувоносни мајмуни (Haplorhini). Во еоценот и олигоценот постоела блиското семејство Omomydae чии претставници ја населувале Евроазија и Северна Америка. Тие се сметаат за предци на аветите.

Во зависност од гледната точка, постојат од три до осум видови на авети. Додека пет од нив можат да се сметаат за подвидови, бесспорниот статус на вид им припаѓа на:

  • Банкански авет (Tarsius bancanus)
  • Филипински авет (Tarsius syrichta)
  • Авет-дух (Tarsius spectrum)

Општи одлики

Аветите се мали животни, нивниот раст достигнува од 9 до 16 cm. Имаат гола опашка долга 13 до 28 cm. Тежината се движи од 80 до 160 g. Особено се препознаваат по долгите задни екстремитети, крупната глава способна да се завртува за речиси 360°, но и по добриот слух. Нивните прсти се многу долги, ушите се округли и голи. Меките влакна имаат кафеав или сивкав отсјај. Меѓутоа, како најкарактеристична одлика се јавуваат големите очи со пречник од 16 mm. За човекот, очите на аветите се големи колку јаболки.

Екологија и биогеографија

Распространување

Аветите живеат во Југоисточна Азија, пред сè на островите Суматра, Борнео, Сулавеси, на Филипините и на многу блиски острови.

Однесување

Аветите се активни главно ноќно време. Тие живеат на дрвјата во шумите, криејќи се дење во густата вегетација. Можат многу лесно да ги искачуваат дрвјата, а со задните нозе скокаат и неколку метри. По правило, аветите живеат во парови, а понекогаш во мали групи.

Исхрана

Како основна храна за аветите се јавуваат инсектите, но меѓу нив има и такви кои јадат мали `рбетници. Ова се единствените примати кои се исхрануваат исклучиво со животинска храна. На ден аветите можат да изедат храна која сочинува 10% од нивната телесна тежина.

Размножување

Периодот на бременост кај аветите е доволно долг (околу 6 месеци), младенчето се раѓа во добро развиена состојба. Најпрво тоа се прикрепува за стомакот на мајката или таа го пренесува него фаќајќи го со забите за тилниот регион. По неколку недели тоа преминува од млечна на месна исхрана. Половата зрелост младите ја достигнуваат како возрасни. Најстариот авет живеел 13 години (во заробеништво).

Аветите и луѓето

Главната закана за аветите е уништувањето на нивната животна средина. Освен тоа, тие сè уште се ловат поради нивното месо. Обидите за припитомување на аветите се неуспешни и, како некое правило, доведуваат до умирање на животното за кратко време. Аветите не можат да се привикнат во заробеништво, а во обидот да избегаат, тие најчесто ги разбиваат своите глави од решетките на кафезите.

Аветите во културата и уметноста

Во минатото, аветите играле голема улога во митологијата и суеверието на народите од Индонезија. Индонезијците сметале дека главата кај аветите не е прикрепена за трупот (бидејќи тие можат да ја завртат главата за речиси 360°) и се плашеле да се соочат со нив, бидејќи верувале дека на луѓето во таков случај би можело да им се случи истото.

Филипинците ги сметале аветите за миленичиња на шумските духови.

Во анимираниот серијал Аниматрикс, во серијата ,,Посвојување‘‘ (англ. Matriculated), аветот Мали (англ. Baby) се користи како набљудувач на војната меѓу луѓето и машините и е способен да се поистовети со луѓето кои се приклучени на програмата за симулација на реалноста.

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.