вид примат From Wikipedia, the free encyclopedia
Џуџест мармозет (науч. Cebuella pygmaea) — мал мајмун од Новиот Свет кој живее во прашумите на западниот дел на сливот на Амазон во Јужна Америка. Забележително е тоа што станува збор за најмалиот мајмун во таа област и еден од најмалите мајмуни во светски рамки со тежина од само 100 г. Може да се забележи во зимзелени и порачни шуми и станува збор за специјалист кој се храни со смола.
Џуџест мармозет | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Примати |
Семејство: | Канџести мајмуни |
Род: | Џуџест мармозет Gray, 1866 |
Вид: | Џуџест мармозет |
Научен назив | |
Cebuella pygmaea Спикс, 1823 | |
Распространетост на џуџестиот мармозет | |
Синоними | |
C. p. pygmaea:
|
Околу 83% од населението на џуџестиот мармозет живее во групи од две до девет единки, вклучувајќи доминантен мажјак, котна женка, и до четири генерации младенчиња. Просечната бројност на групата изнесува 6 единки.[2] Иако повеќето групи се состојат од семејни членови, во некои групи може да има и 1-2 дополнителни возрасни единки. Членовите на групата комуницираат меѓусебно користејќи сложен систем кој вклучува гласовни, хемиски, и сетилни сигнали. Постојат три главни повикувачки сигнали во зависност од растојанието до кое треба да стигне звукот. Овие мајмуни можно е да изведуваат и мимики кога се под закана или пак сакаат да ја наметнат својата доминантност. Хемиското сигнализирање со употреба на жлездите сместени на градите и гениталиите им овозможуваат на женките да дадат до знаење на мажјакот дека се спремни за размножување. Женката може да роди близнаци двапати годишно и грижата за истите е поделена меѓу групата.
Џуџестиот мармозет се смета на некој начин за поинаков мармозет од останатите мармозети, од кои повеќето се класифицирани како мармозет (Callithrix) и Mico, и од оваа причина станува збор за посебен свој род, Cebuella, во семејството канџести мајмуни (Callitrichidae). Сместен е во групата на најмалку загрозени животни од страна на Меѓународниот сојуз за зачувување на природата, бидејќи може да се забележи на голем простор и не е во ризик или закана од ненадеен пад на бројноста. Поголеми закани за овој вид на мајмун се загубата на живеалиштата и трговијата со домашни миленичиња.[3]
Постои дебата меѓу приматолозите за соодветниот род во кој треба да се смести џуџестиот мармозет. Преку испитувањето на сврзната белковина ретинол јадрениот ген (IRBP) во три вида на мармозети покажал дека мармозет (Callithrix), род создаден во 1990-ите исто така треба да го вклучат и C. pygmaea кој е монофилетичен, и дека посебниот развој на видовите pygmaea, argentata и jacchus се случил пред 5 милиони години, нешто што би се очекувало за припадници на истиот род.[4] Сепак, постепеното раздвојување на групите на видовите argentata и jacchus во посебни родови го оправдува посебниот род кој постои за џуџестиот мармозет, познат како Callithrix и истиот не е повеќе парафилетичен.[1]
Постојат два подвида на џуџестиот мармозет кои се опишани од страна на Колин Грувс:[5][6]
Постојат неколку морфолошки разлики меѓу овие подвидови, кои малку се разликуваат по боја, и истите се одвоени меѓусебно од страна на географски пречки, како што се големите реки во Средна и Јужна Америка.[7]
Развојот на овој вид на мајмун во однос на телесната маса од останатите примати, е доста забележителна поради достатно малата телесна маса. Мора да се земе предвид и намалувањето во растот за време на предпородилниот и постпородилниот период, проширувајќи ја мислата дека прогенезата има важна улога во развојот на ова животно.[8]
Џуџестиот маррмозет е еден од најмалите примати, и е најмалиот вистински мајмун, со должина на телото од 117 до 152 мм. и опашка со должина од 172 до 229 мм. Просечната тежина на возрасните единки е 100 грама со единствена полова разлика, женките се малку потешки од мажјаците.[9][10] Бојата на крзното е мешавина од кафено-златна, сива, и црна на неговата глава и жолта, портокалова и tawny во долниот дел на телото. На опашката има црни прстени и бели вертикални линии меѓу очите.[10] Приспособен е за живот на дрво со можност да ја заврти главата и за 180 степени и остри нокти налик на канџи со кои се држи за гранките и дрвјата.[11][12] Нивната забна морфологија е приспособена за исхрана со смола, со специјализирани секачи со кои прават засеци во кората на дрвото со што го потикнуваат истекувањето на сокот. Нивното слепо црево е поголемо за да овозможи подолг период за смолата да се разложи во стомакот.[12] Џуџестиот мармозет се движи на сите четири екстремитети и може да скокне и до пет метри меѓу гранките на дрвјата.[11][13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.