From Wikipedia, the free encyclopedia
Џубе е дел од женска граѓанска носија, од ориентален тип, со скапоцена занатлиска изработка со вез од златни и сребрени нишки. Припаѓа на централнобалкански тип на носија за која се карактеристични елегантни издолжени форми. Го облекувале жени од сите етнички заедници. Основна разлика помеѓу селските и градските носии на Балканот лежи во тоа што жените од село до почетокот на XX век рачно ја изработувале облеката, додека во градот постоеле занатлии специјализирани за изработка на различни предмети за облекување. По градовите џубето е изработувано од разнобојна чоја, со срма или со златни жици везено, а по селата од сукно со малку вез. Се носи околу Тимок, во Пирот, Пеќ, Скадар, Призрен и Скопска Црна Гора.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.