Remove ads
руска сликарка From Wikipedia, the free encyclopedia
Љубов Сергеевна Попова (руски: Любо́вь Серге́евна Попо́ва; 24 април 1889 – 25 мај 1924) - руска авангардна сликарка и дизајнерка(кубист, супрематист и конструктивист).
Љубов Попова | |
---|---|
Љубов Попова, пред 1920 | |
Роден(а) | април 24, 1889 Ивановское |
Починал(а) | мај 25, 1924 35) | (возр.
Националност | руско |
Познат(а) по | сликарство |
Правец | Кубизам Супрематизам Конструктивизам (уметност) |
Љубов Попова е родена во Ивановско, блиску до Москва, во богатото семејство. Татко ѝ бил Сергеј Максимович Попов, успешен трговец со текстил, а мајка ѝ Љубов Василиевна Зубова. Љубов Попова имала двајца браќа и една сестра. Едниот од браќата, Павел, бил филозоф и чувар на уметничката оставнина на неговата сестра.[1] Таа се интересирала за уметноста, посебно за италијанското ренесансно сликарство. На единаесетгодишна возраст, започнала со часови по уметност, најпрво дома, а потоа и во женската гимназија Јалтинскаја.[2] На свои осумнаесет години, таа ја изучувала уметноста заедно со Станислав Жуковски, а во 1908 година, во приватните ателјеа на Константин Јуон и Иван Дудин. Од 1912 до 1913 година, почнала да ги посетува атељеата на сликарите кубисти Хенри Ла Фоконе и Жан Меценже.[2]
Попова често патувала со цел да истражува и да учи од различните стилови на сликање, но најмногу ја интересирале руските икони, сликите на Џото, како и делата на италијанските сликари од 15 и 16 век.
Во 1909 година, отишла во Киев, потоа во 1910 година во Псков и Новгород. Наредната година посетила други градови во Русија, меѓу кои Сент Петерсбург, каде ги проучувала иконите. Во 1912 година, работела во московското атеље познато како „Кулата“ заедно со Иван Аксенов и Владимир Татлин.
Во текот на 1912 и 1913 година, студирала уметност во Париз. Откако се вратила во Русија, работела со Татлин, Удалцова и со браќата Веснин. Во 1914 година, патувала низ Франција и Италија, во времето кога се создавале кубизмот и футуризмот.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.