Јура — геолошки период и систем кој траел 56 милиони години од крајот на периодот Тријас пред 201.3 милиони години до почетокот на периодот на креда пред околу 145 милиони години. Јура претставува среден период на мезозојската ера . Јура е именувана по планинскиот венец Јура на европските Алпи, каде што најпрво биле идентификувани варовнички слоеви од тој период.

Геолошка табела
ЕРА ПЕРИОД
Кенозоик Квартар
Неоген
Палеоген
Мезозоик Креда
Јура
Тријас
Палеозоик Перм
Карбон
Девон
Силур
Ордовик
Камбриум

Почетокот на периодот бил обележан со најголемиот настан на истребување тријас-јура . За време на периодот се случиле уште два настани на истребување: истребување Пленсбах-Тоарс во раната Јура и настанот Титонија на крајот од Јура; [1] ниту еден настан не е рангиран меѓу масовните истребувања на „големата петорка“.

Периодот на јура е поделен на три епохи: рана, средна и доцна јура. Слично на тоа, во стратиграфијата, Јура е поделена на серија на карпести формации од Долна Јура, Средна Јура и Горна Јура.

До почетокот на Јура, суперконтинентот Пангеја започнал да се разделува во две копнени подрачја: Лауразија на север и Гондвана на југ. Ова создало повеќе крајбрежја и ја променило континенталната клима од сува во влажна, а многу суви пустини на Тријас биле заменети со бујни дождовни шуми.

На копно, фауната преминала од тријасна фауна, во која доминираат и диносауроморфните и крокодиломорфните архосауруси, во онаа во која доминираат само диносаурусите. Првите птици се појавиле за време на Јура, и еволуирале од гранка на диносауруси од тероподите. Други поголеми настани вклучуваат појава на најрани гуштери и еволуција на цицачи. Крокодилите направиле премин од копнен во воден начин на живот. Во океаните живееле морски влекачи како ихтиосаури и плесиосаури, додека птеросаурусите биле доминантни летечки ’рбетници.

Меѓу различните геолошки периоди, Јура е најпознат на популарно ниво благодарение на романот и неговите последователни филмски адаптации што резултирале со франшизата: „Паркот Јура“. Книгата е напишана од Мајкл Криктон во 1990, додека првиот филм го режирал Стивен Спилберг во 1993 година.

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.