Силур
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Силур — геолошки период и систем од развитокот на Земјата кој опфаќа 24,6 милиони години, од крајот на периодот ордовик пред 443,8 милиони години до почетокот на девонскиот период пред 419,2 милиони години.[6] Силур е најкраток период од палеозоикот. Како и со другите геолошки период карпите кои го дефинираат почетокот и крајот на периодот се добро идентификувани, но точните датуми се несигурни за неколку милиони години. Основата на силурскиот период е поставена од серија големи ордовико-силурски настани на изумирање при што 60% од морските родови биле збришани.
Силур пред 443.4–419.2 мил. години | |
Среден удел на атмосферски O2 низ раздобјето | ~ 14 %[1][2] (70 % од денешниот |
Среден удел на атмосферски CO2 низ раздобјето | ~ 4500 ‰[3] (16 пати прединдустриското ниво) |
Средна површинска температура низ раздобјето | ~ 17 °C[4] (3 °C над денешната) |
Морско ниво (над денешното) | Околу 180m, со краткотрајни негативни екскурзии[5] |
Предлошка:Силур graphical timeline |
Значаен пресврт на еволуцијата за време на силурот била диверзификацијата на рибите со вилица и коскени риби.[7] Повеќеклеточниот живот, исто така, почнал да се појавува на копно во форма на мали, бриофитни и васкуларни растенија[8][9] кои се зголемиле покрај езерата, потоците и крајбрежјата, а три групи членконоги (многуноги, пајаковидни и шестноги) станале целосно копнени за време на силур.[10] Сепак, копнениот живот во голема мера нема да се прошири и да влијае на животната средина сѐ до периодот на девонот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.