етничка група во Африка From Wikipedia, the free encyclopedia
Јоруба (јоруба: Ìran Yorùbá) се една етничка група во југозападниот и северно-централна Нигерија, како и јужен и централен Бенин. Заедно, овие региони се познати како територии на Јоруба (Yorubaland). Народот Јоруба брои над 40 милиони луѓе. Поголемиот дел од нив живеат во Нигерија и сочинуваат 21 отсто од вкупното население во земјата, според „Светската книга на факти“ на ЦИА,[1] се најголемата етничка група во Африка. Поголемиот дел од Јоруба го зборува истоимениот јазик, кој е тонски, и е нигер-конгоански јазик со најголем број родени говорници.[10]
Подрачја со значајно население | |
---|---|
Нигерија | 40 милиони (2016)[1] |
Бенин | 1,7 милиони (2016)[2] |
Гана | 486.000[3] |
Того | 303.000[4] |
БСК | 113.000[5] |
Обединето Кралство | 98.000[6] |
Европска Унија | 60.000[7] |
САД и Канада | 200.000[8] |
Јазици | |
| |
Вероисповед | |
| |
Сродни народи | |
Афемаи, Арогбо & Апои, Бариба, Бини, Ебири, Есан, Еве, фон, Игала, Итсекири, нуп |
Народот Јоруба е тесно поврзан со Итшекири на југоисток во северозападниот дел на делтата Нигер, Бариба - северозападниот дел во Бенин, Нуп на север и Ебира на североисток во централна Нигерија. На исток се Едо, Есан и Афемаи - групи во средината на западна Нигерија. Во непосредна близина на Ебира и Едо групи е народот Игала кој се наоѓа во североисточниот дел на Нигерија, на левиот брег на реката Нигер. На југозапад е народот Би, кој зборува Махи, Егун, Фон и Еве кои се граничат со Јоруба заедниците во Бенин и Того. На југоисток се Итшекири кои живеат во северозападниот крај на реката Нигер. Тие потекнуваат од Јоруба, но избрале да одржат посебен културен идентитет. Значаен број Јоруба население може да се најде во други западноафрикански земји: Гана, Брегот на Слоновата Коска, Либерија и Сиера Леоне.
Дијаспората на Јоруба се состои од две главни групи. Во едната спаѓаат иселеници кои се преселиле по големите економски и политички промени, 1960 - 1980 година, од кои поголем дел во Велика Британија и во САД. Другата група е од поодамна и е од Атлантската трговија со робови. Оваа постара група има заедници во повеќе земји како што се Куба, Доминиканска Република, Венецуела, Санта Луција, Јамајка, Бразил, Гренада и Тринидад и Тобаго и други.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.