Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во хемијата, јонската врска е карактеристична за соединенија образувани од елементи со голема разлика во електронегативноста (според полинговата скала - поголема од 1,9), односно меѓу типичен метал и типичен неметал.
Металите имаат мали енергии на јонизации што значи дека лесно можат да испуштаат електрони. Неметалите, пак, имаат голем афинитет кон електронот. Големата вредност на афинитетот кон електронот покажува дека неметалите лесно примаат електрони. Затоа, кога доаѓа до хемиска реакција меѓу метал и неметал, металот оддава електрони, при што преминува во позитивно наелектризиран јон - катјон, а атомот на неметалот ги прима испуштените електрони при што преминува во негативно наелектризиран јон - анјон. Бројот на оддадените, односно примените електрони зависи од бројот на валентни електрони. Притоа, образуваниот катјон добива електронска конфигурација на инертниот гас што се наоѓа пред него во периодниот систем, а анјонот на инертниот гас што се наоѓа после него.
Добиените јони (катјони и анјони) имаат спротивни полнежи, па затоа меѓу нив дејствуваат силни електростатички или Кулонови привлечни сили. Овие сили овозможуваат различните јони да се поврзат меѓу себе и да го образуваат јонското соединение (соединение во кое атомите се поврзани со јонска врска).
Јонското соединение KCl се образува на следниот начин, опишан со хемиската равенка:
при што калиумот оддава електрон, а хлорот прима електрон:
Една молекула од BaF2 се создава на следниот начин:
при што бариумот оддава два електрона, а флуорот прима два електрона:
Молекула од јонското соединение MgO се образува со реакцијата:
и притоа магнезиумот оддава два електрона, а кислородот прима два електрона:
Постојат јонски соединенија кои не се изградени од едноатомски јони, туку се изградени од јони што претставуваат некакви атомски групации. На пример, соединението Na2SO4 е јонско соединение изградено од натриумови (Na+) и сулфатни (SO42-) јони, иако сулфурните и кислородните атоми се поврзани меѓу себе со ковалентна врска.
Значи, хемиската врска што настанува како резултат на електростатичко привлекување меѓу јони со спротивен полнеж се вика јонска врска.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.