книга од Библијата From Wikipedia, the free encyclopedia
Јов — книга од Стариот завет.
Јов е многу богат човек, но праведен, непорочен и богобојазлив. Поради тоа, сатаната бара од Бога дозвола да го искуша праведниот Јов. Господ му дозволува и сатаната го уништува имотот на Јов и му ги убива децата, но сепак, Јов не кажува лош збор за Бога. Потоа, сатаната му предизвикува ужасна болест и Јов ја проколнува својата мачна судбина, посакувајќи ја смртта, но повторно не го навредува Бога. Тогаш, него го посетуваат тројца пријатели кои настојуваат да го утешат, но Јов продолжува со оплакувањето на својата тешка судбина, посакувајќи да умре. Тој се повикува на својата правичност и на примерното однесување кон луѓето, наведувајќи ги добрите дела што постојано ги правел во животот. Најпосле, збор зема млаиот Елијуј, кој го прекорува Јов да не му се лути на Бога кој секогаш суди праведно. По неговиот говор, Господ му се обраќа на Јов, наведувајќи ги своите дела и истакнувајќи ја својата огромна сила. Тогаш, Јов се покајува, а Господ се смилува на него, го наградува со голем имот и пак му дава седум синови и три ќерки. Оттогаш, Јов живее уште 140 години во изобилство и среќа.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.